19 Sep Рускиот премиер бара ослободување на Пуси рајот
Рускиот премиер Д’митри Медведев побара да бидат ослободени членките на феминистичкиот панк бенд Пуси рајот познати по својата подршка на ЛГБТ заедницата.
Во Август, трите членки на групата беа осудени на две години затвор поради учество во протест против Путин во Московска катедрала.
Марија Алјокина, Надежда Толоникова и Јекатерина Самутсевич беа прогласени за виновни за „хулиганизам мотивиран од религиозна омраза“.
Британскиот парламентарец, Крис Брајант, тогаш изјави дека судбината на Пуси рајот е доказ дека Русија под Путин е „регресивна и опресивна клептократија“.
Г-динот Медведев рече дека се згорзува од нивното дело, но дека петмесечниот период кој го проведоа во притвор за време за судењето е доволна казна.
Асошиејтед прес извести дека интервенцијата на Медведев, кој сака да проектира слика за себе како полиберален лидер, ќе му овозможи на претседателот Путин да го стави зад себе овој контроверзен случај без да изгледа како слаб лидер.
Г-динот Медведев, кој по образование е адвокат, рече дека не сака да се претставува себе си како судија, но верува дека досегашната казна е сосема доволна за членките на бендот.
Меѓутоа, Гардијан објави дека подржувачите на Пуси рајот не ги сфќаат сериозно тврдењата на Медведев, потенцирајќи дека долго време се обидува да ја придобие либерлано демократскатаста струја во Русија, но не успел да покаже никаков резултат.
Затворањето на Пуси рајот предизвика осуда во многу делови од светот и жалбата за овој случај ќе биде разгледана во рускиот суд на први октомври.