02 Mar Репресијата не дава резултати
Тековните политики на дроги во Европската унија прават повеќе штета отколку добро – ова е заклучокот на јавната седница на ЕУ „Политика на дроги“ што се одржа во Европскиот парламент во Брисел, во на 23 февруари.
Carel Edwards, раководителот на Координативнто одделение за дроги на Европската комисија на расправата изјави дека се знае дека репресијата не функционира и дека Европа полека е на пат да усвои полиберални политики на дроги.”
Целта на расправата во Европскиот парламент беше да се дискутира за таканаречениот Reuter Trautmann извештај,во кој се заклучува дека анти-дрога стратегите на земјите од Европската унија на многу начини се неуспешни.
Reuter Trautmann извештајот е резултат на истражувањето на влијанието на политиките на дроги на глобалниот пазар на дрога во последните десет години. Тој беше подготвен од страна на американската корпорација RAND и холандскиот институт Trimbos, по барање на Европската комисија.
Според извештајот, воопшто не постои поголемо влијание врз понудата и побарувачката на илегални дроги во периодот од 1998 и 2007 година. Напротив, цената на репресивната политика е неконтролирниот нелегален пазар, криминал поврзан со дрога и на ширењето на болести како ХИВ / СИДА. Јавните расходи политиката на дроги во ЕУ е проценета на 40 милијарди евра годишно, или 80 евра по граѓанин на ЕУ.
Европската комисија беше критикувана од страна на Европската платформа на НВО-а „Коалицијата за праведни и ефективни политики на дрога“ (Encod), кои беа организатори на расправата, заедно со грчкиот член на Европскиот парламент Michail Tremopolous.
Мнозинството од 40-те делегати на расправата ја изразија својата поддршка за политики на дрога во ЕУ кои се ориентирани кон прифаќање, вклучувајќи и правната рамка за произвотство, дистрибуција и консумирање на дрога.
Со исклучок на пет луѓе, сите учесници го прифатија конечниот заклучок дека со рестриктивни политики за дрога се прави повеќе штета отколку добро. “Да се продолжи со досегашните политики ќе биде еден вид на криминална небрежност. Европската унија има сознанија дека забраната не функционира. Сега треба да дејствува според знаењето кое го поседува”, вели Joep Oomen.