10 Sep Австралијански свешетеник се надева на поинклузивно хрситијанство по прашањето на истополови бракови
Австралијански свештеник изјави дека има надеж дека еден ден ќе биде во можност да венча истополови парови и дека ќе зборува со својот црковен совет за започнување на овој процес.
Пречесниот Крис Бединг, од Дарлингтон-Белви, рече дека има сомневања за процесот преку кој треба да биде усвоена еднаквост помеѓу браковите во Австралија, но и дека се надева дека наскоро ќе може да благословува истополови парови, исто како што ги благословува хетеросексуалните.
Следниот месец, свештеникот ќе го презентира својот предлог до синодот на Перт-англикаската епрахија, со кој би се потврдило дека правното признавање на истополвите врски може да постои паралелно со правното признавање на бракот помеѓу маж и жена, пренесе Вест Аустралијан.
Пречесниот Бединг, кој има триесет и две години, и, исто така, е пејач, актер и стенд-ап комичар, рече: „Често среќавам луѓе од сите полови идентитети и често се наоѓам во позиција да застапувам поинклузивно христијанство – тоа преставува дел од мојата мотивација за овој потег“.
Мулти-талентираниот пречесен Бединг, кој се опишува себе си како „среќен ерген кој се наоѓа на целибат“, стапи во служба на дваесет и три годишна возраст со што стана најмладиот свештеник во Австрлија.
Застапниците за еднавкост помеѓу браковите во земјата се загрижени за заостанувањето на Австрлија по ова прашање, откако во Нов Зелан и Тазманија слични закони веќе ги поминаа првите фази во нивните парламенти.