Во Турција таткото и чичкото на убиен геј тинеџер се обвинети за убиството

Во Турција таткото и чичкото на убиен геј тинеџер се обвинети за убиството

Во Турција таткото и вујкото на еден геј тинејџер се обвинети за неговото убиство. Според дневниот весник Хуријет Дејли Њуз, убиството на момчето се случило минатиот месец во јужната провиција Дијарбакир. И таткото и вујкото биле уапсени како учесници во убиството.

 

Момчето, кое досега беше познато само по своите инциjали Р. А. било на возраст од седумнаесет години. Познато било дека неговото семејство знаело за неговата сексуалност. Р. А. живеел во куќата на семејството на свој пријател, бидејќи веќе бил мета на насилство поврзано со неговата сексуалност од страна на неговото семејство, се вели во весникот.

 

Според член на локалната ЛГБТ заедница, исто така, постои сомнение дека неговото семејство се обидело да го прикрие убиството. Хуријет Дејли Њуз го цитира изворот кој вели „Семјеството сакаше да го прикрие убиството кое се случи пред еден месец, затоа што е богато и моќно семејство. Тие сакаа полицијата да го сокрие инцидентот. Ние сме често мета на насилство, но не постои место каде што можеме да се пожалиме или да ги бараме нашите права. Полицијата не навредува и пцуе, а докторите не исмеваат“.

 

Според Амнести Интернешнал, правата на ЛГБТ лицата остануваат необезбедени во турскиот правен систем. На геј мажите и лезбејките им е забрането отворено да служат во армијата на земјата. Кога станува збор за насилството врз жените, исто така, државата има направено сосема мал прогрес.