Американска студија покажа дека слушањето стигматизирачки говор може да предизвика здравствени проблеми

Американска студија покажа дека слушањето стигматизирачки говор може да предизвика здравствени проблеми

Универзитетот на Мичиген ги објави резлутатите од студија која откри дека геј, лезбејските и бисексуалните студенти кои постојано слушаат фрази како „Тоа е токку геј“, почесто страдаат од здравствени проблеми.

 

Судијата, чиј ко-автор е Мајкл Вудфорд, асистент по социјална работа на унверзитетот, вклучувала проверка на ефектот на слушањето на фразата кај сто и петнаесет студенти на возраст помеѓу осумнаесет и дваесет и пет години.

 

Резултатите, кои се појавија во Списанието за здравство на американските универзитети, сугерираат дека таквиот јазик може да има негативни ментални и физички ефекти по здравјето студентите кои се геј, лезбејки и бисексуалци, така што студентите кои ја слушале почесто оваа фраза имаат поголема можност да страдаат од главоболки, проблеми со апетитот и чувство на изолација.

 

Вудфорд изјави: „Доколку се земе предвид природата на стигмата на геј лицата, лезбејките и бисексуалците, студентите од сексуалните малцинства може да се перцеприаат себе си како исклучени од социјалниот живот во кампусот и слушањето на фразата „Тоа е толку геј“ ги зајкакнува овие прецепции“.

 

Според студијата, околу едно од десетте лица кои биле предмет на истражувањето рекле дека воопшто не ја слушнале оваа фраза, а повеќето кажале дека ја слушнале повеќе од десет пати во една школска година.

 

Заклучокот на извештајот сугерира дека единствениот начин на кој би можело да се намалат негативните ефекти на ова „непријателство од ниско ниво“ е да се отстранат овие фрази од секојдневниот говор на универзитетскиот кампус.

 

Вудфорд изјави дека институциите треба да ја подигнат свеста за штетните ефекти кои ваквиот говор може да го има врз другите студенти.