Руска анти-геј група ја тужи Мадона за „предизвикување морално страдање“

Руска анти-геј група ја тужи Мадона за „предизвикување морално страдање“

Група на хомофобични руски активисти ја тужи Мадона и бара оштета од десет милиони долари, тврдејќи дека таа ги навредила нивните чувства кога зборувала за геј еднаквост за време на минатонеделниот концерт во Санкт Петерсбруг.

 

Неколку часови пред нејзиниот настап, Мадона најави на Фејсбук дека ќе дели розеви наркавици како знак за подршка на ЛГБТ заедницата во Санкт Петерсбург.

 

Порано годинава, Американската пејачка се обврза дека ќе ја прекрши забраната за изразувањето на ЛГБТ лицата која беше наметната од законодавците на градот, нарекувајќи ја „смешна катастрофа“.

 

Пред самиот концерт полицијата беша присутна пред концертната сала, бидејќи по нејзиниот настап во Москва пред два дена, православни свештеници се обврзаа дека ќе запалат слики со поп-иконата.

 

Алексеј Колотков, еден од активистите кои тврдат дека Мадона му предизвикала морално страдање, изјави „Можеби некој не ја гледа врската, но по концертот на Мадона можеби некое момче ќе стане геј, некоја девојка ќе стане лезбејка, можеби ќе се родат помалку деца– оваа голема земја мора да ги штити своите граници – за мене тоа преставува морално страдање“.

 

Дарја Дедова, уште една активистка од групата за Ројтерс изјави дека доколку ги добијат парите, тие ќе бидат донирани на прифатилиштата за деца без родители. Таа изјави „Мадона беше предупредена со зборови да се однесува согласно со законот, а таа тоа го игнорираше. Затоа ќе зборуваме со јазикот на парите. Секако дека е тешко да се измерат моралните шетети и страдањето, но можеби луѓето кои заработуваат пари без разлика на моралните правила, ќе го разберат ова.“

 

За време на настапот Мадона одлучи да носи балаклава – препознатливиот аксесоар на руксиот панк бенд – исто така и се соблече покажувајќи го црниот градник и зборовите на бендот напишани на нејзиниот грб.

 

Трите членки на рускиот феминистички панк бенд беа прогласнени за виновни за хулиганизам мотивиран од религионсна омраза. Секоја од членките на бендот доби казна од две години затвор која започнува од денот на нивното апсење.