Десет геј спортисти со златни медали на Олимпијадата

Десет геј спортисти со златни медали на Олимпијадата

Десет ЛГБТ олимпијци се вратија дома со златни медали на летните Олимписки игри во Лондон. Доколку беа тим ќе се изедначеа со Мексико и Етиопија по бројот на освоени златни медали. Повеќе од третина од сите ЛГБТ спортисти освоија медал, со што имаат подобар процент на освоени медали од тимот на САД.

 

Сид Циглер, основачот на outsports.com, рече: „Доколку „геј тимот“ беше земја, ќе беше пласирана на триесет и првото место со седум медали, исто колку што имаат Мексико, Етиопија и Грузија. Овој тим ќе беше подобар по освоените медели од земји како Јамајка, Ирска, Арентина и Индија. Тие ќе се пласираа на дваесет и првото место по освоени златни медали (четири) и ќе беа изнедначени со Иран, Јамајка, Чешка и Кореја“.

 

Листата на ЛГБТ спортисти кои освоија златен медал ја сочинуваат: Симон Аугустус (од женскиот кошаркарски тим на САД), Карл Хестер (коњаник од Велика Британија), холандскиот женски хокеј тим и Меган Рапино (од женската фудбалска репрезентација на САД). Џудит Арнт освои сребро за Германија во велосипедизам, а бронза овоија Едварт Гал (коњаник од Холандија) и Лиса Рејмонд (тенисерка од САД).

 

Австралискиот геј скокач во вода Метју Мичам, кој предходно изјави дека Олимпијадата во Лондон ќе биде негово последно натпреварување на Олимписките игри, го промени мислењето откако се пласира на тринаесетото место во полуфиналето во скокови во вода. Тој изјави дека има намера да учествува на Олимписките игри во Рио во 2016-та.

 

Според outsports.com, педесет и осум проценти од ЛГБТ олимпијците досега имаат освоено медaли на Олимписките игри, што претставува неверојатна статистика.