Сексуални работници и корисници на дрога протестираа против стигмата за време на одржувањето на конференција за СИДА

Сексуални работници и корисници на дрога протестираа против стигмата за време на одржувањето на конференција за СИДА

Минатиот вторник црвен ѕид составен од повеќе од илјада сексуални работници, корисници на дрога и СИДА активисти се движеше низ Вашингтон, Д. Ц., САД. Многумина од нив носеа црвени чадори и маршираа кон Белата куќа простирајќи против стигмата која придонесува за ширењето на ХИВ/СИДА.

 

Учесниците на протестот држеа пароли „Борете се против СИДА-та! Не за војната против дрогите!“ и „Сопрете го ловот на вештерки врз сексуалните работници!“.

 

„Сексуалната работа е работа“ беше слоганот кој најмногу се извикуваше од страна на учесниците на протестот како одговор на предводниците на протестот кои поседуваа мегафони.

 

Ученсиците на протестот побара декриминализација на дроги и сексуалната работа, со што веруваат дека ќе ги охрабрат луѓето да имаат побезбеден секс.

 

Квинси МекИван, сексуална работничка од Гвајана, маршираше заедно на протестот за правата на сексуалните работници.

 

„Ова се наши тела, а тие се наша работа“ – вели МекИван  и додаде: „Можете да дадете орален секс бесплатно, но, нелегално е да побарате пари за тоа. Тоа не е во ред“.

 

„Стигмата придонесува за ширењето на болеста“ – вели таа.

 

Овој протест беше еден од петте протести истиот ден пред Белата куќа на различни групи кои се засегнати со ХИВ-от и СИДА-та. Протестите со совпаднаа со деветнаесетата меѓународна конференција за СИДА која се одржува оваа недела во главниот град на САД за првпат по дваесет и две години. До 2009-та постоеше забарана за влез во земјата за лица кои имаат ХИВ.