23 Jul Њу Јорк слави една година на еднаквост помеѓу браковите
Оваа недела Њу Јорк ќе одбележи една година од усвојувањето на законот за еднаквост помеѓу браковите.
Законот за еднаквост помеѓу браковите во сојузната американска држава Њу Јорк стапи на сила на 24-ти јули минатата година, со што оваа држава стана шеста по ред во САД која им дозволува на геј паровите да се венчаат. На првиот ден од стапувањето на законот на сила, во брак стапија 659 геј парови.
Меѓутоа, се уште не е јасно колку парови стапиле во брак во изминативе шест месеци. Статистиката покажувва дека се венчале приближно три илјади геј парови. Но, оваа бројка не го вклучува бројот на венчани геј парови во Њу Јорк Сити.
Изминатиот месец, судот во Њу Јорк го одби барањето на една евагнелистичка група со кое се бара законот да биде повлечен од сила.
Организација Њујорчани за уставни слободи (New Yorkers for Constitutional Freedoms) соопшти дека минатата година Сенатот постапил нелегално кога се гласало за усвојувањето на законот со кој се легализира геј бракот.
Групата соопшти дека Сенатот го прекршил Законот за отворени состаноци со што нелегално забранил сенаторите да расправаат за законот и со тоа што не го испратил законот до соодветните заедници.
Меѓутоа, Апелациониот одел при државниот Уставен суд во Рочестер го одби барањето на групата и соопшти дека њујоршкиот гувернер Андру Куомо и другите подржувачи на законот не прекршиле ниту еден закон.