Војната против дрогите го поттикнува ширењето на ХИВ панедемијата

Војната против дрогите го поттикнува ширењето на ХИВ панедемијата

Владите низ светот ја губат својата војна против дрогите и придонесуваат за ширење на ХИВ пандемијата, соопшти еден водечки тинк-тенг.

 

Глобалната Комисија за политика на дроги ги критикуваше нациите заради затворањето на ненасилните корисници на дрога и заради тоа што не им дозволуваат пристап до јавните здравствени сервиси.

 

Во својот извештај насловен „Војната против дрогите и ХИВ/СИДА-та – Како криминализацијата на употребата на дрога ја поттикнува глобалната пандемија“, комисијата го осудува „огромниот неуспех на политиките за спречување на употреба на дрога“ во пресекувањето на каналите за дистрибуција.

 

Глобалната достапоност на нелегалните опијати, каков што е хероинот, според комисијата е зголемена за повеќе од 380 проценти во изминатите декади.

 

Авторите на извештајот имаат пофалби за земјите каде што зависноста се третира како здравствен проблем какви што се Австралија, Португалија и Швајцарија, каде што новите дијагнистицирани ХИВ инфекции се скоро елиминирани помеѓу корисниците на дрога.

 

Меѓутоа, авторите ги критикуваат земјите како Соединетите Американски Држави, Кина, Русија и Тајланд, кои ги игнорираат научните докази и се противат на имплементацијата на програми за ХИВ превенција базирана на докази, што допринесува до стравотни последици.

 

Членовите на комисјата, исто така, го потенцираа придонесот на војната против дрогите во растежот на организираниот криминал и ширењето на ХИВ пандемијата.

 

Тие велат дека стравот од апсење ги маргинализира корисниците на дрога, ги оттргнува од ХИВ тестирањето и сервисите за превенција, и ги втурнува во вискоко ризични средини.

 

Комисјата, исто така, тврди дека рестрикциите на достапноста на стерилен прибор, исто така, резултира со зголемена колективна употреба на исти шприцови и игли.

 

Според комисијата ограничените јавни фондови залудно се трошат на штетно и неефикасно спроведување на законите за дрога, наместо да бидат инвестирани во стратегии за превенција на ХИВ.