СТАР го одбележа 2-ри Јуни, Меѓународниот ден на сексуалните работници

СТАР го одбележа 2-ри Јуни, Меѓународниот ден на сексуалните работници

На 2-ри Јуни 1975 година, околу 100-тина сексуални работници ја окупираа црквата Сен Низиер во Лион Франција, да го изразат своето незадоволство за нивните криминализирани и експлотациони услови за живеење. На 10-ти јуни во 5 часот наутро, црквата беше брутално окупирана и од страна на полицијата со цел да ги протераат сексуалните работници. Оваа акција предизика национално движење и денес се одбележува во Европа и низ целиот свет, за да се влијае на препознавањето на сексуалната работа како професија.

 

Сексуалната работа сеуште издржува илјадници семејства во Македонија. Меѓутоа, ниту обврските на сексуалните работници кон државата, ниту пак обврските на државата кон сексуалните работници, не се сеуште регулирани. Сексуалната работа сеуште се смета за “неморален чин”, па според тоа сексуалните работници одамна го изгубија моралот и вредностите во општеството.

 

Континуираното отсуство на правата на сексуалните работници во Македонија се толерира и претставува израз на игнорантскиот став во однос на општествената стварност. Сексуалната работа е признаена како трговија со луѓе, а не како професија. СТАР и сексуалните работници веруваат и ја вреднуваат сексуалната работа како професија еднаква на сите други, и по тој повод за прв пат оваа година во Македонија го одбележаа 2-ри Јуни, Меѓународниот ден на сексуалните работници.

 

Еднодневниот настан во Градскиот парк во Скопје кој започна од 12 часот напладне, имаше за цел да ја едуцира и информира општата популација за постоењето на сексуалната работа во Македонија, како и за условите во кои што тие работеле некогаш и денес.

 

Погледнете ја галерија на фотографии на настанот овде

 

Преземете ја брошурата на СТАР овде