18 Jun Гугл повторно даде подршка за ЛГБТ правата
Најголемиот интернет пребарувач Гугл го одбележува месецот на ЛГБТ гордоста со тоа што ги претставува резултатите од пребарувањето во дезен со боите на виножитото под рамките за пребарување.
Минатата година, компанијата која е базирана во САД ги модифицираше резултатите за сличност помеѓу веб страните, со посуптилен, но сепак приметлив дисплеј во десниот агол на резултатите од пребарувањето.
Гугл бил отсекогаш препознатлив по посветеноста на еднаквоста и разноличнота, вклучувајќи ја и кампањата против Калифорнискиот Предлог 8 и со компензирањото на ускратените даночни бенефиции на геј луѓето вработени во компанијата според Законот за одбрана на бракот. Како додаток, технолошкиот џин го користеше „It Gets Better’ банерот од анти-булиинг кампањата при промоцијата на интернет-браусерот Хром во САД и Обединетото Кралство.
Оваа вест доаѓа во време кога администрацијата на Обама во разни форми го одбележува месецот јуни како месец на ЛГБТ гордоста и во исто време кога Епл, конкурентот на Гугл, се спрема да додаде икони со истополови парови на својот нов оперативен систем кој треба да биде пуштен во продажба следната есен.