Геј парадата во Загреб помина без инциденти

Геј парадата во Загреб помина без инциденти

Во главниот град на Хрватска без никакви инциденти вчера се одржа 11. Загреб прајд, парада на половите малцинста, под слоганот “Имаме семејство. Илјадагодишен хрватски сон“, на која, според процените на организаторите, учествувале околу 4.000 луѓе.

 

Овогодишниот слоган на загрепската парада на гордоста ја симоблизираше борбата на геј или лезбејските семејства да бидат рамноправни со хетеросексуалните.

 

По прошетката во центарот на градот бил одржан собир во паркот Зрињевац каде биле поделени награди за Хомофренд и Хомофоб на годината. За хомофоб на годината е избран сплитскиот градоначалник Жељко Керум . Хомофренд е писателот и новинар Борис Дежуловиќ.

 

Полицијата проценила дека на парадата учествувале околу две илјади луѓе, кои ги обезбедувале околу 420 припадници на полицијата.

 

На поворката и’ се приклучиле и познати личности и политичари како министерката за надворешни работи Весна Пусиќ, поранешната министерка Мирела Холи, неколку собраниски пратеници и омбдусманот за рамноправност на половите Вишња Љубичиќ.

 
Преземено од http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=104737&kategorija=