13 Jun Европската комисија објави нов извештај за дискриминацијата на трансродовите лица и интерсексуалците
Европската комисија објави нов извештај за дискриминацијата на трансродовите лица и интерсексуалците во и околу Европската Унија.
Додека Европската комисија досега ја проучуваше дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, извештајот насловен „Дискриминацијата врз трансродовите лица и интерсексуалците врз основа на полот, родовиот идентитет и изразувањето на родот“ претставува прв официјален документ каде што родовиот идентитет и родовото изразување се длабински истражени.
Извештајот беше порачан преку Европската мрежа на правни експерти од полето на недискриминацијата.
Авторизиран од двајца експерти на ИЛГА-Европа и Универзитетот Лајден, извештајот беше испорачан како дел од „Стратегијата за еднаквост помеѓу жените и мажите 2010-2015“. Европскиот парламент претходно побара родовиот идентиет да биде вклучен во стратегијата.
Парламентарецот Мајкл Кешман, кој е и копретседател на ЛГБТ Интергруп, рече: „Со задоволство го очекувам овој нов извештај. Тој преставува темелна анализа и многу моќна контрибуција како на правно, така и на политичко ниво. Основните права на трансродовите лица и интерсексуалците се исти како и за сите други лица, и тие заслужуваат да бидат ослободени од дискриминација“.
Парламентарката Улрика Луначек, која е вториот копретседател на ЛГБТ Интергруп, додаде: „Овој нов извештај претставува токму она што на Европската комисија и беше потребно за да има подобар увид во основните права на трансродовите лица и интерсексуалците. Ова е поле во кое Европската Унија треба да биде светски лидер, и со задоволство ги очекувам предлозите на Европската комисија која ќе ги направи врз основа на ова истражување“.
Интергрупата најави продолжување на своите активности преку својата работа во Парламетот.