11 Jun Мијанмар: Стигмата и негрижата ја зголемуваат ХИВ мизеријата
Иако новата влада на Мијанмар се обврза на реформи, малку нешта ќе се променат за околу 240 илајди лица кои живеат со ХИВ/СИДА во земјата.
Според Доктори без граници, околу 85 илјади лица инфицирани со ХИВ во Мијанмар немаат пристап до антиретровирусна терапија. Новиот член на парламентот, Пју Пју Тин, се надева дека ќе ги промени состојбите. ХИВ активистката, која ја оформи ХИВ болницата во Јангон, ја повика владата да го зголеми буџетот за здравство и образование за да набави повеќе ХИВ/СИДА лекови и за да се бори против стигмата поврзана со болеста.
„Двете најбитни нешта се обезбедувањето лекови и едукацијата на полулацијата во врска со болеста“- вели таа.
Социјалното отфрлање на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА е премногу присутно. Семејствата често ги отфрлаат роднините кои се дијагностицирани како ХИВ позитивни: „ХИВ пациентите често се оставени сами на себе и се напуштени од семјствата“ – вели Пју.
Една четириесет и две годишна мајка на шест деца го искусила ваквото отфрлање: „Мојот сопруг вети дека ќе се врати, но се плашам дека никогаш нема да го стори тоа“ – изјави таа во болницата во Јангон, каде што престојува веќе два месеци.
Пју е загрижена дека новата влада нема да стори многу за лицата кои живеат со ХИВ/СИДА. Бројот на пациентите во болницата во Јангон е двојно зголемен во периодот помеѓу 2010 и 2011. Всушност, ништо се нема променето. Ситуацијата е е влошена“ – вели таа.