07 Jun Сексуалните работници од Париз на протест
Околу двесте сексуални работнци излегоа на улиците на Париз да протестираат против полициската репресија и плановите за казнување на нивните клиенти. Синдикатот на сексуалните рабоници Страсс им соопшти на новинарите дека сексуалните рабоници сакаат нивните ставови да бидат земени предвид кога се донесуваат одлуки кои директно се однесуваат на нив.
Морган Мертел од Страсс, рече дека сексуалните работници постојано се наоѓаат под репресија и покрај фактот што сексуалната работа не е нелегална во Франција. Таа додаде: „Сексуалната работа е се повеќе под репресија, додека групите за подршка тврдат дека зголемената репресија води кон полоши услови за работа“.
Сексуалните работници, кои протестираа на улиците помеѓу Place Pigalle и Châtele, велат дека таквите нови закони со кои се забранува присуството на комбиња во парискиот Bois de Boulogne и предлогот да се казнуваат клиентите, придонесуваат сексуалните работници да работат нелегално со макроа и да бидат дел од нивните нелегални мрежи.
На почетокот на годинава, Франсоа Оланд, кој се уште беше во позиција на претседателски кандидат, изјави дека ќе го повлече законот на Никола Саркози од 2003-та со кој беше воведен прекршокот „пасивно подведување“, бидејќи резултирал со намален пристап до нега и социјални сервиси за сексуалните работници.