Министерот за труд и социјала ќе го брани традиционалниот брак

Министерот за труд и социјала ќе го брани традиционалниот брак

„Како Влада и политичка партија за нас е важно во Македонија, според културните и традиционалните ставови и начин на живот, семејството и бракот да бидат третирани како заедница помеѓу еден маж и една жена“ – изјави минатиот четврток Министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски.

 

Ристовски, кој е член на владејачката централно-десничарска партија ВМРО ДПМНЕ, вели дека Министерството ќе направи се за да тоа остане така.

 

Забелешките на Министерот се појавија откако Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права во средината на мај поднесе инцијатива пред Уставниот суд за промена на одредба на законот за брак според кој под „блиски лични врски“ се подразбира „блиски врски помеѓу лица од различен пол“.

 

„Оваа одредба е дискриминаторска, бидејќи на истополовите парови им ги одзема правата кои според закон ги имаат хетеросексуалните парови“ – вели универзитетската професорка Ана Мартиновска која ја подржува инцијативата.

 

Таа во своја колумна ја изрази својата загриженост кон отворената хомофобија и ги критикуваше намерните обиди да се спинува оваа инцијатива како повик за легализирање на геј бракот.

 

Сега се чека на Уставниот суд да ја донесе својата одлука.
„Побараваме мислење од Владата, Парламентот и Министерството за труд и социјала, по што судот ќе одлучи дали да ја започне процедурата“- изјави портпаролот на судот, Југослав Миленковиќ.

 

Македонскиот закон за антидискриминација од 2010-та беше критикуван од организациите кои се залагаат за човекови права и европските институции поради тоа што не содржи одредби за заштита на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродовите лица.

 

Преземено од: http://www.balkaninsight.com/en/article/macedonian-minister-stands-against-same-sex-marriage