28 May Москва: Полицијата приведе активисти за геј права поради протестирање
Вкупно четириесет лица, од кои повеќето се активисти за геј права, беа приведени во Москва откако се обидеа да одржат две демонстрации барајќи го правото да одржат геј прајд парада во главниот град.
Околу триесет активисти за геј права се собраа пред зградата на градскиот совет, како што се сретнаа со опонентите од православната хрситијанска заедница, кои почнаа да извикуваат дека хомосексуалноста е грев. Набрзо потоа, полицијата пристигнала со цел да го растури протестот, но во исто време друга група започнала протест пред градската куќа во која бил и активистот за геј права Николаи Алексејев. Полицијата ја привела и другата група вклучувајќи го и Алексејев.
Скоро сите на протестот биле приведени, но, според локалните медиуми, и дел од православните христијани, исто така, биле внесени во полициските автобуси.
Галина Каптур, локален активист, за Асошиејтет прес изјави дека градските власти ја третираат хомосексуалноста како да станува збор за заразна болест. „Како да мислат доколку левораките луѓе одржат парада, сите подоцна ќе стана левораки… Тоа е погрешно“ – вели тој.
Уапсен сум на протестот за Московската парада пред градската куќа. Немам зборови“ –
Алексејев напиша на својот твитер профил додека беше во полициски притвор.
Еден од анти-геј демонстрантите, Д’митри Царионов, кој носеше парола „Москва не е Содома“ изјави: „Нема да доволам преверзњаци да го предивикуваат гневот божји во нашиот град… Сакам да живеам во земја во која во училиштата нема да се проповеда гревот кој толку гнасно ја разнебитува човечката природа“.
Хомосексуалноста беше декриминализирана во Русија пред скоро дваесет години, но хомофобијата е сеприсутна во руското општество. Минатиот месец, г-динот Алесејев стана првото лице кое беше уапсено и казнето со 5000 рубљи според новиот „анти-пропаганда“ закон кој беше усвоен во Санкт Петерсбург со кој се забранува зборувањето за хомосексуалноста во опкружување на малолетни лица.