14 Jun ЈАВЕН ПОВИК: Повик за собирање понуди за изработка и одржување на веб-страна за потребите на МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
МЗД е непрофитна, неформална мрежа на здруженија на граѓани која има за цел да го унапреди спречувањето и заштитата од дискриминација преку застапување за промена на законската рамка, политиките и практиките на институциите, застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, останатите надлежни органи, домашните и меѓународните судови, спроведување на истражувања, прибирање на податоци и спроведување кампањи и јавни настани.
Мрежата е воспоставена во декември 2010, а нејзини членки се: Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници Маргини Скопје; Фондација Отворено општество – Македонија; Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА); ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје; Хелсиншки комитет за човекови права; ЛГБТИ Центар за поддршка; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); Станица ПЕТ – Прилеп; Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство- Глас против насилство; Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- Заедно посилни; Македонско здружение на млади правници.
Повеќе информации во врска со организацијата може да најдете во следните линкови: https://www.facebook.com/mrezazazastitaoddiskriminacija, http://coalition.org.mk/ .
Мрежата за заштита од дискриминација има потреба од изработување на веб-страна и одржување на истата за една година за потребите на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници” финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Заинтесираните страни да достават понуда за:
-Изработка( развој и дизајн) на веб-страна
-одржување на веб-страна за период од 1 година (12 месеци)
– закуп на домеин и годишен веб хостинг
Право на учество имаат сите заентересирани понудувачи- физички или правни лица кои имаат искуство во развој и дизајн и одржување на веб-страни.
Рокот за доставување понуди е 14 дена односно две недели по објава на овој повик, но не и подоцна од 29.06.2021год (вторник) до 16 часот.
Понудата треба да бидат доставена на е-мeил адресата koalicijaszpmz@gmail.com со наслов Понуда за изработка на веб-страна, согласно рокот за доставување понуди.
Лице за контакт:
Eлена Петровска 075 207 187 elena.coalition@gmail.com