Законот за родови права на Аргентина: Нов светски стандард

Законот за родови права на Аргентина: Нов светски стандард

Активистите велат дека Аргентина во моментот е водечка земја во светот по прашањето на трансродови права откако ја овозможи слободата граѓаните да го менуваат својот правен и физички родов идентитет само поради тоа што тие имаат желба за тоа, без да претходно да поминат правни, психијатарски и медицински процедури.

 

Минатата среда, законот за родов идентитет беше одобрен од конгресот со педесет и пет гласови „за“ и нула „против“, што преставува уште еден храбар потег што се однесува на социјални проблеми од страна на арегентинската влада која пред две години го легализира геј бракот.

 

„Овие промени примарно се однесуваат на малцинските групи, но, тие се фундаментални за едно демократско општество кое се уште се обидува да се справи со прекршувањата на човековите права за време на диктатурата во периодот од 1976-1983 и покровителството на Римокатоличката Црква“ – рече претседателот Кристина Фернандез.

 

Минатиот четврток активистите и академиците кои на светско ниво го следат развојот на законите и праксите на родовиот идентитет соопштија дека ниту една друга земја не отишла толку далеку да дозволи целосна родова самодетерминација. Во САД и Европа, трансродовите лица мораа да поминат низ физички и здравствени прегледи и серија на други процедури пред да можат да добијат третман за промена на полот.

 

„Аргентинскиот закон е првиот од ваков вид кој на граѓаните им го овозможува правото да го променат својот правен род без да направат физички промени на своето тело – рече Јустус Ајсфелд, кодиректорот на „Гобалната акција за транс еднаквост“ од Њу Јорк.

 

„Фактот што не постојат медицински услови – воопшто не е потребен хирушки зафат, хормонална терапија или пак дијагноза – преставува вистинска темелна промена и целосно уникатен случај во целиот свет. Овој закон е светлосни години пред мнозинството на земји, вклучувајќи ги и САД, и преставува значајно понапредна одлука од најнапрадните земји во светот“- вели Ајсфелд, кој работел како истражувач на законите на четириесет и седум земји во светот во истражувањето на комисијата за човекови права на Советот на Европа.

 

Марчела Ромеро, која била родена како маж и направила операција за промена на полот пред дваесет и пет години, има проведено десет години низ аргентиснките судови пред тие да и доделат нова лична карта во која нејзиниот род бил означен како женски.

 

„Тоа преставува многу понижувачка процедура… Многумина од нас мораа да пројдат низ психијатриски и медицински тестови“ – минатиот четврток таа изјави за Асошиејтет прес -„со овој закон повеќе нема потреба да поминуваме низ тоа“.

 

Четириесет и осум годишната Ромеро рече дека таа лично познава четириесет лица кои мораат да добијат одобрување од судот за операциите за промена на полот, а се уште се на листата за чекање. „Овој закон ќе им помогне да го добијат третманот кој им е потребен“ – вели таа.

 

Ромеро ја води „Аргентинската асоцијација на трансвестити, транссексуалци и трансродови лица“ чиј правен тим помогна во подготовките на законот со помош на интернационалната коалиција на активистички групи кои се борат владите да ги тргнат бариерите за детерминација на родовиот идентитет. Ниту една од групите не успеала да најде политичари кои сакале да отидат толку далеку како оние во Аргентина.

 

„Законот вели дека нема потреба да живеете како маж или како жена, или да ја менувате својата анатомија. Според законот она што вие тврдите дека сте има најголемо значење“ – вели Катерина Карказиз, биоетичар од универзитетот Станфорд која ја напиша книгата „Поправање на полот“, студија на правни и медицински ограничувања на прашањата поврзани со родовиот индетитет во САД.

 

„Наместо да се придржуваме кон нашите седиментирани идеи за тоа што значи да се биде маж, а што жена, овој закон ги преиспитува овие нешта на сосема возбудлив начин“ – вели таа.

 

Следното нешто што треба да го направи Аргентина е промена на граѓанските и кривичните закони кои се често контрадикторен конгломерат од закони кои датираат пред скоро два века и кои ги покриваат сите аспекти на општеството. Охрабрени од претседателот, комисиите на конгресот во кои членуваат сите водечки партии и врховниот суд припремаат широка легислатива за модернизација на правилата за абортус, посвојување, вештачка инсеминација, развод и многу други прашања.

 

Католичката црква, која имала огромна улога во формирањето на овие закони во двесте годишната историја на земјата, е против какви било социјални реформи, а не само оние кои се однесуваат на гејови, лезбејки и транродовите лица.

 

„Законодавците во Аргентина прават темелни промени во општеството кои не одговараат на ниту една социјална потреба без да ги увидат реалните последици“ – изјави Николас Лафериер, кој го предводи „Центарот за биоетика, личност и семејство“ спонзориран од црквата, во онлајн публикацијата „Религиозни вредности“ спонзорирана од архиепископот на Буенос Ајрес.

 

„Се најдовме соочени со најлибералниот закон во светот во оваа област. За да ги промените личните податоци не ви е потребно поголемо оправдување од личната желба основана на нечија самоперцепција. Нема да биде лесно да се предвидат последиците“- рече Лафериер.

 

Повеќето Аргентинци се уште се идентификуваат себе си како католици и католицизмот останува официјална религија на нацијата.

 

Но, се помалку Аргентинци редовно одат на миса, и свештениците повеќе ја немаат моќта која ја имале во минатото. Црквата е толку политички ослабена што владата повеќе ја третира како корисен непријател отколку како сила способна да изврши влијание врз голем број на гласачи.

 

Католичката хиерархија е непобитно поврзана со воената хунта која уби триесет илјади луѓе за време на диктатурата. И црквата и диктатурата беа подржувачи на конзервативни вредности.

 

Триесет и осум годишната Карла Осер, помина низ хормонална терапија пред хирурзите да и го транформираат нејзиниот машки полов орган во вагина во 2006-та, со што стана една од четириесетте лица кои имале операција за промена на полот во јавна болница во Ла Плата, главниот град на провинцијата Буенос Аирес. Но, пред тоа таа морала на судијата да му презентира извештаи од два психлолога, психијатар, оториноларинголог, гинеколог и уролог.
Дури и по хирушката промена на полот, таа не успеала да добие судска дозвола за да го промени полот во својата лична карта, се вели во соопштението на минстерството за јавно здравство.

 

Но, новиот закон и даде надеж. Таа вели: „Операцијата ми го промени животот и денеска го славам тоа што секој кој се соочува со ситуација слична на мојата може да направи хирушка интервенција без да поминува низ правниот лавиринт низ кој поминав јас“.

 

Минстерството ја цитираше Осер како дел од соопштението во кое се вели дека владините хирурзи се сега отворени за работа, спреми да овозможат сличен третман на кој било кој одлучил дека му е потребен – без допилнителни прашања.