Вакцината против ХИВ е поблиску од кога и да е, по новите испитувања кои покажуваат ветувачки резултати

Вакцината против ХИВ е поблиску од кога и да е, по новите испитувања кои покажуваат ветувачки резултати

Откако новата вакцина против ХИВ покажа ветувачки резултати во првичните клинички испитувања, истражувачите планираат соработка со Модерна, производителот на една од вакцините против COVID-19, со цел да продолжат во развојот на иновативен третман.

Експерименталната вакцина, развиена од Меѓународната иницијатива за вакцини против СИДА (IAVI) и Скрипс Истражувања, покажа 97% стапка на одговор кај учесниците во раната фаза на испитувањето, според ABC News. Нејзиниот нов пристап подразбира стимулирање на производството на ретки имунолошки клетки кои се потребни за да се започне процесот на генерирање на антитела во организмот – клучен чекор во борбата против брзо-движечкиот вирус.

Новата вакцина претставува чекор понапред кон процесот т.н. „свет грал“ во потрагата по лек против ХИВ: изнаоѓање начин да се предизвика имунолошки одговор кој создава „широко неутрализирачки антитела“ или bnAbs, кои се способни да ги таргетираат различните соеви на ХИВ кои ја отежнуваат борбата. Вакцината користи процес познат како „таргетирање на герминативната линија“, што ја предизвикува активацијата на клетките што произведуваат bnAbs.
Овој пристап е ефикасен во таргетирањето на ХИВ конкретно затоа што bnAbs може да таргетираат структурна карактеристика на вирусот – неговите шила – што не се разликува многу од сој до сој. Доколку се развие и одобри, вакцината, која ги унапредува клетките што создаваат bnAbs, ќе биде првиот чекор во режимот на вакцини за таргетирање на ХИВ.

ХИВ, кој предизвикува СИДА, влијае на повеќе од 38 милиони луѓе ширум светот и диспропорционално ги погодува црните и латинкс луѓе, како и транс-луѓето. Бидејќи ХИВ го таргетира и го нарушува имунолошкиот одговор на организмот, луѓето со ХИВ кои не се на ефикасно антиретровирусно лекување може да бидат имунокомпромитирани – ставајќи ги на поголем ризик од заразување со COVID-19.

„Ова е огромно достигнување за науката за вакцините“, изјави Денис Бартон, д-р, професор и претседател на Одделот за имунологија и микробиологија при Скрипс Истражувања, научен директор на Центарот за неутрализирање на антитела IAVI и директор на Конзорциумот за развој на вакцини против ХИВ/СИДА NIH во соопштение за јавноста.

Истражувачите вклучени во развојот на вакцината веруваат дека ќе има длабоки импликации и во борбата против глобалната епидемија на ХИВ и општо за вакцинологијата. „Оваа студија покажува доказ за принцип за нов концепт на вакцини за ХИВ, концепт што може да се примени и на други патогени микроорганизми“, додаде Вилијам Шиф, д-р, професор и имунолог при Скрипс Истражувања и извршен директор при Центарот за неутрализирање на антитела IAVI.

Шиф, чија лабораторија ја разви вакцината, го претстави истражувањето на виртуелната конференција на Меѓународното здружение за СИДА за превенција на ХИВ во февруари. Истражувачите веруваат дека техниката на вакцината може да се користи за таргетирање на други тешки вируси, како Зика, маларија, хепатитис Ц и грип.

Научниците и активистите за јавно здравје направија споредби помеѓу КОВИД и ХИВ уште од почетокот на пандемијата, со споредување на успесите и неуспесите во реакцијата на јавното здравство на секој вирус. Како што е случај со ХИВ, црните и домородните луѓе имаат поголема веројатност да заболат од КОВИД-19 и многу е поголема веројатноста да бидат хоспитализирани или да умрат поради вирусот. Неодамнешното истражување исто така покажа дека обоените ЛГБТК + луѓе имаат далеку поголема веројатност да се заразат со КОВИД отколку нивните бели врсници.

Подемот на PrEP како метод за превенција од ХИВ и новите третмани за оние кои живеат со ХИВ им дадоа на поборниците надеж дека лекот може да биде поблиску од кога било. Но, во последниве години експертите забележаа дека напредокот во намалувањето на ХИВ инфекциите е „закочен“, а неодамнешниот извештај укажува на зголемување на стапките на вирусот кај транс-луѓето.

Ова плато може да биде делумно поради недостаток на пристап и употреба на PrEP меѓу погодените заедници; студиите покажуваат широко распространети бариери за пристап и дезинформации за третманот, кој се покажа како многу ефикасен во спречување на ХИВ. Високата цена на лекот – може да оди до 2.000 американски долари месечно – е исто така проблем што донесе критики и протести од групата за застапување за СИДА ACT UP и други.

ХИВ сè уште се смета за глобална епидемија од СЗО.

ИЗВОР