11 May Владата на Хрватска покренува иницијатива за легализација на истополовите партнерства
Владата на Хрватска покрена инцијатива за спремање на нова законска рамка која ќе овозможи склопување на истополови бракови.
„Мислам дека треба да одеме еден чекор нанапред според примерот на најнапредните држави во светот. Со давањето на посилна граѓанско-правна основа на истополовите заедници на ниедно друго лице нема да му бидат одземени стекнатите права. Суштината на нештата се состои во тоа да на тој одреден круг на луѓе, кои се дел од нашата заедница, им се даде поголема правна сигурност. За тоа треба да разговараме јавно и трансапарентно, затоа што човековите права се едноставно човекови права“ – ијави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за Јутарњи Лист.
Како што тој истанкна, ниедна личност не е хомосексуалнец за да му наштети на некој друг, туку едноставно затоа што таа личност е таква каква што е.
„Прифаќањето на луѓето со различна сексуална ориентација од онаа на мнозинството како нешто нормално, како нешто што е дел од нив, како нешто што не е насочено против било кој, претставува основна општествена емпатија и пристојност “ – смета Милановиќ.
Тој спомна дека постојат одредени социјални бариери кои не треба да се отстрануваат со сила.
„Да погледнеме малку како функционираат, делуваат и какви прописи донесуваат другите држави, какви што се, на пример, католичките држави Шпанија и Португалија, а да не ги спомнуваме воопшто нордиските држави“- појасни премиерот. Токму во земјите кои тој ги спомна, правата на истополовите заедници се регулирани со семејни закони, бракот има недискриминирачка дефиниција, па во согласнот со тоа, сите права се изедначени, па така и посвојуваат деца.
Извор: http://www.novimagazin.rs/svet/hrvatska-daje-dozvolu-za-gej-brakove#.T6znqXyLrl1.facebook