Променета ознаката за пол на Лицето Икс : Напредок во постапката за правно признавање на родот, неопходна е измена на Законот за матична евиденција

Променета ознаката за пол на Лицето Икс : Напредок во постапката за правно признавање на родот, неопходна е измена на Законот за матична евиденција

Коалиција МАРГИНИ во јануари 2019 во Судот во Стразбур доби позитивна пресуда во корист на трансродов маж, во случајот ‘Икс против Македонија’, во која Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет. Управата за водење на матичните книги конечно ја изврши промената во матичната евиденција на лицето Икс.

Адвокатката од Коалицијата Маргини која го застапуваше случајот пред Стразбур изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК: „ Убавата вест ја дознавме пред неколку дена, среќен е за новиот почеток, среќни сме и ние. “ Таа вели дека се подготвува нов Закон за матична евиденција што го изработува Министерството за правда кој ќе биде олеснувачки за цврстите ставови на УВМК, која без јасни законски одредби не сака да слушне да дава или да менува матични броеви на лица кои се родени во Северна Македонија. Државата има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Потсетуваме дека во Република Северна Македонија постојат уште десетина тековни случаи на трансродови лица кои чекаат Управата да ја изврши промената. Владата, по донесувањето на пресудата во јуни 2019 година донесе одлука и ја задолжи Управата да изврши промена во податоците на лицето Х, но и на сите останати случаи кои се во иста или слична положба.

 

Лице за контакт:
Наташа Бошкова
075200805
natasa.boskova@gmail.com