15 Sep Повик за поднесување текстови за шеснаесеттиот број на списанието Дроги – Политики и практики
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција Маргини објавуваат повик за доставување авторски трудови за шеснаесеттиот број на списанието Дроги – Политики и практики .
Главна тема за шеснаесеттиот број е: Дрогите во Македонија. Освен за главната тема, добродојдени се текстови и други содржини на било која тема поврзана со целите на списанието.
Краен рок за доставување на текстови и други информации е 05 октомври 2020 година. Селекцијата на доставените текстуални прилози и други информации ќе ја врши Уредничкиот одбор. Критериуми за селекција се:
- Стручност (познавање на обработуваната проблематика)
- Креативност
- Иновативност (отворање нови прашања или промовирање нови начини за решавање на актуелните прашања)
- Разбирливост (литературно изразување и/или сленговско изразување разбирливо и препознатливо за целните групи)
- Навременост (запазување на крајниот рок за предавање на материјалите).
За повеќе информации обратете се на следниот контакт: Ана Ашталковска Гајтаноска, ashtalkovska@gmail.com .
Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се поврзани со дроги, како што се: млади и дроги, сексуална работа и дроги, ХИВ/СИДА и дроги, хепатит Б и Ц и дроги, туберкулоза и дроги, права на маргинализирани групи/заедници и дроги, родови перспективи и дроги, пристап до информации од јавен карактер и дроги, истражувања за дроги, политики за дроги, застапување и дроги, граѓанско општество и дроги, активизам и дроги, социјална работа и политика и дроги, здравство и дроги итн.
Дроги – Политики и практики е списание наменето за луѓе што употребуваат дроги, луѓе што се лекуваат од зависности, стручни лица од областа на употребата на дроги и лекувањето зависности и пошироката јавност засегната и заинтересирана за наведените проблематики. Се објавува електронско издание на македонски и англиски јазик.
Дроги – Политики и практики овозможува простор за објавување авторски текстови, авторизирани преводи, вести/известувања, промоции, колумни/есеи, графички прикази со пораки со социјално-просветлувачка содржина, кампањи поврзани со наведените проблематики за сите што придонесуваат и/или сметаат дека можат да придонесат кон унапредување на социјалната и здравствената положба на луѓето што употребуваат дроги и луѓето што се лекуваат од зависност од дроги. Тоа е простор за афирмација на личните ставови и ставовите на институциите и организациите што работат во наведените и сродните проблематики.
Доколку сакате да изложите став, да објавите вест или да го проширите кампањското дејствување, обратете се на следниот контакт: Ана Ашталковска Гајтаноска, ashtalkovska@gmail.com .
За повеќе информации за начинот на форматирање на текстовите, ве молиме, прочитајте ги Упатството за авторите и Образецот за авторски текстови. Претходните броеви на Дроги – Политики и практики се достапни на следниот линк: http://www.hops.org.mk/mk/magazin .