Лето во кое те нема од Петар Андоновски | Skopje Pride Weekend 2020

Лето во кое те нема од Петар Андоновски | Skopje Pride Weekend 2020

07 септември (понеделник)

21:00 ч.

Супкултурен центар SHORTBUS

Промоција на романот Лето во кое те нема од Петар Андоновски

 

Лето во кое те нема е роман за внатрешните борби, за отуѓеноста меѓу партнерите, за истрајноста во барањето на вистината. Но, и роман за семејството и провинцијата.

Раскажан во прво лице, романот нѐ воведува во љубовниот триаголник меѓу тројца поранешни пријатели. Протагонистите, обидувајќи се да се ослободат од товарот на минатото, сфаќаат дека тоа е возможно само доколку се соочат со него.

Лето во кое те нема е отпор насочен кон лажниот морал и лагите што секојдневно ни се сервираат како неприкосновени вистини.

Петар Андоновски (1987, Куманово) автор е на книгите: Ментален простор (поезија, 2008), Очи со боја на чевли (роман, 2013), Телото во кое треба да се живее (роман, 2015), Страв од варвари (роман, 2018), Лето во кое те нема (роман, 2020). Добитник е на наградите Роман на годината на Утрински весник за романот Телото во кое треба да се живее и Европската награда за литература за романот Страв од варвари.