12 Mar Натпревар во убавина за мажи во Сахара
Кај типичните натпревари во убавина, стандардите и критериумите за убавина не се различни, освен во номадското племе Wodaabe од Нигер – таму девојките им судат на момчињата.
Она старо клише дека само на жените им треба подготовка? Запознајте ги племенските мажи кои трошат неверојатно многу време, енергија и пари за да се подготват…
Нивните костими се изработуваат цела година; обоени, украсени и декорирани со сјајни предмети и додатоци што привлекуваат внимание. Се користат жолта глина и креон како шминка за контурирање на лицето, издолжување на носот и обложување на кожата.
Кога конечно се подготвени, „церемонијата“ може да започне, и мажите, антички воини по традиција, почнуваат да парадираат, танцуваат и пеат на пустинското сонце за да ги импресионираат жените од племињата – кои се судии на натпреварот.
Дамите го бараат најубавото лице, највисокиот и најграциозниот, најдобро облечениот, кој трепка со најсветлите очи и најголемата, најбела насмевка во редицата.
За племето Wodaabe се вели дека најмногу ценат три работи во животот: убавина, добиток и семејство. Тие се лојални луѓе во рамките на нивните кланови, трговци со добиток, снабдувајќи со месо стотици села и гратчиња од бреговите на езерото Чад до атлантскиот брег на Сенегал – и за нив исто така се вели дека се „опсесивно суетни“.
Познати по својата убавина (и мажи и жени), племето Wodaabe, познато и како Bororo, претпочитаат висока и витка фигура, долги исправни носеви, фини карактеристики, тенки усни и беспрекорна кожа.
На крајот на сезоната на дождови во септември, пред да започне нивната годишна миграција, номадските кланови се собираат во пустината со својот добиток за да слават, но и да се натпреваруваат. Фестивалот познат како Gerewol, е богата културна церемонија на додворување која вклучува состаноци на кланови, трки со камили, танцување, пеење, договарање бракови, но што е најважно, лов на најубавиот маж од племето.
Wените Wodaabe, познати во Западна Африка за нивниот впечатлив стил, гледаат и судат од далечина, преправајќи се дека се срамежливи, додека го бираат најпосакуваниот натпреварувач за крунисување на следниот „Мистер Wodaabe“.
Кога судијките се немажени, тие исто така ги бираат потенцијалните сопрузи и честопати омилените натпреварувачи се испраќаат во нивниот камп за да добијат „поглед одблизу“.
Исто како натпреварувачките на Мис на Светот, кои се обидуваат да ја покажат својата најблескава насмевка и блескави очи, мажите од Wodaabe одат чекор подалеку и ги превртуваат очите наназад и ги покажуваат забите за да ги истакнат посакуваните карактеристики на племето. Сепак, познато е дека за да ја задржат својата издржливост додека настапуваат пред судијките, натпреварувачите со часови и денови пијат посебен коктел од ферментирана кора што има халуциногено дејство.
За време на традиционалниот танц Yaake, на мажите главно им се суди според нивната грациозност и елеганција – нешто што не е лесно за постигнување кога можеби сте опиени од локалната ракија.
Сепак, натпреварувачите многу сериозно го сфаќаат натпреварот за убавина и успеваат да остават траен впечаток. Некои од мажите всушност се толку добри во разубавување со тактики за шминкање на лицето и движење на своите високи и тенки тела со таква елеганција, што на моменти е тешко да се разликуваат од припадничките на племето.
Погледнете ја фотографијата погоре, снимена од Steve McCurry. Бев сигурен дека гледам убава жена од племето, McCurry напиша на својот блог.
Во нејзината книга од 2001 година, Nomads Who Cultivate Beauty, Mette Bovin се спротивставува на овие стереотипи, истакнувајќи дека многумина често ги поврзуваат мажите Wodaabe кои се натпреваруваат на натпреварите за убавина со „хомосексуалци или трансвестити“. Но, се разбира, мажите од Wodaabe би требало да го приредуваат ова шоу заради привлекување на млади девојки на фестивал посветен на склопување парови и додворување.
Можеби дури и без да знае, ова племе, чија религија е во голема мера исламска, во најневеројатната околина, ги предизвикува родовите стереотипи на нормите за убавина.
Изгледа сосема соодветно што на нивниот мајчин јазик, Wodaabe, буквално значи „луѓе од табу“.