Застапниците на сексуалните работници од Њу Јорк бараат забрана на користењето на кондомите како доказен материјал

Застапниците на сексуалните работници од Њу Јорк бараат забрана на користењето на кондомите како доказен материјал

Застапниците на сексуалните работници во Њу Јорк побараа да се донесе закон со кој полицијата ќе биде оневозможена во конфискувањето на кондоми од сексуални работници.

 

The Sex Workers Project објави две истражувања во кои се вели дека полицијата често одзема кондоми од сексуалните работници како доказен материјал.

 

Од групата која ја води оваа кампања се вели дека оваа тактика води кон тоа да некои сексуални работници носат помалку кондоми или воопшто да не носат и да имаат незаштитен секс.

 

The Sex Workers Project бара кондомите целосно да бидат исфрлени како доказен материјал.

 

Согласно со долгорочната здравствена програма на Њу Јорк Сити, од 2007-та до денеска биле поделени околу 182 милиони кондоми.

 

Спонзорот на законот, демократската сенаторка Велманет Монтгомери, вели дека оваа мерка не преставува давање подршка на сексуалната работа.

 

„Овој закон е поврзан со фактот што преку 100 илјади луѓе во моментов се инфицирани со ХИВ и СИДА во Њу Јорк сити“ – вели таа.

 

Њујоршки обвинител за новинската агенција Асошиејтет прес изјави дека со недозволувањето на користењето на кондомите како доказен материјал, ќе им се озвоможи на макроата и трговците со луѓе да се шетаат слободно.

 

Според изјвештајот на Тhe Sex Workers Project носењето кондоми преставува стандардна пракса на сексуалните работници, но постојат неколку случаи во кои полицијата им ги одземала кондомите без да ги приведе.

 

Во изјвештајот се цитираат две неодамнешни истражувања, едното спроведено од страна на градскиот оддел за здравство, а другото од страна на застапничка мрежа.

 

Во истражувањето на одделот за здравство во кое биле интервјуирани 69 лица, 36 лица рекле дека полицијата им конфискувала кондоми, а 26 дека биле приведени.