boychild на Skopje Pride Weekend 2019

boychild на Skopje Pride Weekend 2019

8 јуни (сабота)
20:00 ч.
Кино „Култура“

Танц на раце без наслов (Untitled Hand Dance)
бојчајлд (boychild)

 

Танцови на раце. 1.000 милувања. Преку движењето ги промислувам општествените импликации врежани во кореографиите на просторот. Кога, како и каде ни е дозволено да се движиме. На кој начин можеме да се движиме. Импровизацијата го овозможува ограниченото движење. За повеќето од нас заграденоста е позната состојба. Ловот на капитализмот, неговиот алгоритамски апетит. Танцот на раце претставува нотација, филтрирани композиции дури ве обвиваат миговите на светот. Скриенa во рацете, световна транскрипција на посегот и прегратката. Последните осцилации на експресијата, милувањето и допирот на телото. Хептички дофат. Емпатично напуштање, ефемерно предавство. Атмосфера на пораки.

бојчајлд е уметник чиишто перформанси се засноваат на движење, работи со импровизацијата како начин на опстанок и светотворба во повеќезначниот, перформативен простор, каде што бидувањето се среќава со претставувањето. Непоколеблив/а во врска со висцералното искуство на визуелните перформанси во живо, докажа дека движењето на формата го пренесува неодгатливото во сликите и јазикот. Со своите перформанси настапува на МоМа ПС1, Музејот на модерна уметност во Сан Франциско, Музејот на современа уметност во Чикаго, Куќата на културата (Kulturhuset) – Стокхолм, Музејот на современа уметност во Лос Анџелес, MOMA Варшава, Музејот „Стеделијк“ во Амстердам, Институтот за современа уметност во Лондон, Музејот на современа уметност „Мигрос“, Музејот на современа уметност во Барселона, Биеналето во Сиднеј и Бергхајн. бојчајлд има одржано турнеи со Мики Бланко, а соработува со Коракрит Арунанодчаи, Ву Цанг, како и брендот за облека „Hood By Air“.