Ron Athey на Skopje Pride Weekend 2019

Ron Athey на Skopje Pride Weekend 2019

7 јуни (петок)

21:00 ч.

Музеј на современа уметност

 

Акефално чудовиште (Acephalous Monster)

Рон Ејти (Ron Athey)

+18

Концепт и изведувач: Ron Athey
Режија: Sean Griffin
Звук: Opera Povera
Уметнички директор, маски: Hermes Pittakos
Перики: Christian Warren Landon, или The Wig Daddy
Видеографија: Graham Kolbeins
Светло дизајн: Antígona González
Видео дизајн: Robin A. Ediger-Seto

 

Најдобро познат по екстремното телесно осакатување, Рон Ејти се занимава со трансцендентното и возвишеното повеќе од три децении. По „Смртта на Бог“ (познатиот проглас на филозофот Ниче во исчекување на крајот на религијата во западното општество), Ејти верува дека една од улогите на уметникот е да смислува нови форми на ритуал и славење, да го повика светото како противотров за празниот индивидуализам на современиот живот. Во своето ново дело, Акефално чудовиште, Ејти се повикува на Акефал, обезглавениот маж, кој послужи како инспирација за истоименото тајно општество на Жорж Батај во борбата против нихилизмот и фашизмот пред Втората светска војна во Франција. Безглавиот или обезглавениот маж претставува моќен симбол за радикална трансформација, водечка сила во сите перформанси на Ејти во кои се залага кон спој на човекот и боговите.

Акефално чудовиште е соло-перформанс сочинет од проекции, читања, предавања, апроприран текст и звук.

„Не е како мене, повеќе од мене е; стомакот му е лавиринт во кој самиот се изгубил, ме губи и мене со себе, и во кој се откривам себеси како него, со други зборови како чудовиште“, од „Светиот заговор“ на Жорж Батај:

Рон Ејти е икона и културна фигура чиишто почетоци во перформансот се на почетокот на осумдесеттите години, во контекст на андерграунд музичката сцена во Лос Анџелес, како дел од дуото со Роз Вилијамс од бендот „Christian Death“. Во 1990 година, за време на епидемијата со сида, почнува со изложување на индивидуални и групни дела во уметнички простори како LACE, PS122, Highways, Галеријата „Рандолф стрит“ и Институтот за современа уметност во Лондон. Неговите три влијателни дела од трилогијата The Torture Trilogy всушност претставуваат меморијали за сидата и природата на заздравувањето – навлегува во историските архетипи на религиозното сликарство и богопоклонение. Содржински, делото ја обработува смртта и можните начини на лекување. Делата се изложени ширум светот во деведесеттите години, при што одредени теми, на пример таа за христијанските маченици, отворија филозофски дебати за природата на идентитетот, преиспитувајќи ги границите на уметничката практика. Во 2013 година беше објавена монографија за неговите дела: Pleading in the Blood, уредена од Доминик Џонсон.

Во 2005 и 2018 година соработува во експериментални оперски проекти со сопранистката/музиколог Џулијана Снапер, и Шон Грифин, оперски композитор. Во 2018 година се случува премиерата на Gifts of the Spirit, опера создадена од автоматско пишување во слоеви во реално време, овозможено од Фондацијата „Мајк Кели“ и Музејот „Броад“, а одржана во катедрала од 19 век во Лос Анџелес. Во ноември 2018 година се одржува премиерата на неговото соло-дело во PSNY’s Posthuman series, Acephalous Monster. Ново дело, резултат на соработка со Касилс и Арша Фатима Хак, беше промовирано на први декември 2018 година во „Биосфера 2“, со наслов Циклично, презентирано од Музејот на современа уметност во Тусон.

За следната година, 2020-та, се подготвува преглед на неговите дела, куриран и организиран од историчарката на уметност и директорка на Школата „Роски“, Амелија Џоунс, а ќе се прикаже во галерискиот простор „Participant, Inc.“ во Њујорк и во други простори, а составен од секвенца на сцена, костими и фотографии.