Веста за вториот пациент излечен од ХИВ е пресвртница во глобалната епидемија на СИДА

Веста за вториот пациент излечен од ХИВ е пресвртница во глобалната епидемија на СИДА

Напишано од Apoorva Mandavilli

По само втор пат од почетокот на глобалната епидемија, уште еден пациент е излечен од инфекцијата на ХИВ, вирусот кој предизвикува СИДА.

Вестите пристигнаа скоро 12 години откако беше излечен првиот пациент, подвиг што истражувачите долго време се обидуваа и не успеаа да го повторат. Неочекуваниот успех потврдува дека можеби постои лек за ХИВ инфекцијата, велат истражувачите.

Истражувачите ќе го објават својот извештај овој вторник во списанието Nature и ќе презентираат некои од деталите на Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Сиетл.

Во јавноста, научниците го опишуваат случајот како долгорочна ремисија. Низ интервјуата, повеќето експерти го нарекуваат лек, со предупредување дека е тешко да се знае како да се дефинира зборот кога има само два познати случаи.

И двата случаи беа резултат на трансплантација на коскена срж на заразените пациенти. Но, трансплантатите имале за цел да лекуваат рак кај пациентите, а не ХИВ.

Во блиска иднина трансплантацијата на коскена срж веројатно нема да биде реална опција за третман. Во моментов се достапни моќни лекарства за контрола на ХИВ инфекцијата, додека трансплантациите се ризични, со груби несакани ефекти кои можат да траат со години.

Сепак, експертите велат дека реорганизирањето на телото со имуни клетки кои се отпорни на ХИВ би било успешно во пракса.

“Ова ќе им даде надеж на луѓето дека лекот не е сон”, вели д-р Annemarie Wensing, виролог во Универзитетскиот медицински центар Утрехт во Холандија. “Лекот е достапен.”

Д-р Wensing е ко-лидерка на IciStem, конзорциум на европски научници кои ги проучуваат трансплантациите на матични клетки за лекување на ХИВ инфекцијата. Конзорциумот е поддржан од AMFAR, американска истражувачка организација за СИДА.

Новиот пациент избра да остане анонимен, а научниците го нарекоа “Лондонски пациент”.

“Чувствувам чувство на одговорност да им помогнам на лекарите да разберат како се случи се’, со цел да можат да ја развиваат науката”, изјави тој за New York Times во е-мејл.

Сознанието дека можеби ќе биде излечен и од рак и од ХИВ инфекцијата за него било “надреално” и “тешко да се проголта”, вели тој. “Никогаш не верував дека ќе се појави лек додека сум жив”.

На истата конференција во 2007 година еден германски лекар го опиша првиот случај со “Берлинскиот пациент”, подоцна идентификуван како Timothy Ray Brown, 52, кој сега живее во Палм Спрингс, Калифорнија.

Таа вест, прикажана на постер во задниот дел од конференциската сала, првично доби малку внимание. Откако стана јасно дека г-дин Brown е излечен, научниците почнаа да го копираат неговиот резултат кај други пациенти со рак инфицирани со ХИВ.

Кај повеќето случаи вирусот почнал да се враќа, најчесто девет месеци откако пациентите престанале да ги земаат антиретровирусните лекарства, а во останатите случаи пациентите починале од рак. После овие неуспеси научниците се посомневале дали лекот на Brown е чиста случајност.

Brown имал леукемија, а по неуспешниот обид да се спречи со хемотерапија, биле потребни две трансплантации на коскена срж.

Трансплантите биле од донатор со протеинска мутација наречена CCR5, кој лежи на површината на одредени имуни клетки. ХИВ го користи протеинот за да влезе во тие клетки, но не може да се прилепи на мутираната верзија.

На г-дин Brown му биле дадени силни имуносупресивни лекови кои повеќе не се користат, како резултат на што претрпел сериозни компликации неколку месеци по трансплантацијата. Во еден момент тој бил во индуцирана кома и речиси умрел.

“Тој беше навистина претепан од целата постапка”, вели д-р Steven Deeks, експерт за СИДА на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, кој го лечел Brown. “Постојано се прашувавме дали ваквата постапка со уништување на неговиот имунолошки систем во огромни размери, објаснува зошто освен Timothy никој друг не е излечен”.

Лондонскиот пациент го одговори тоа прашање: Не е потребна блиска смрт за процедурата да функционира.

Тој имал Hodgkin-ов лимфом и добил трансплантација на коскена срцевина од донатор со CCR5 мутација во мај 2016 година. Тој, исто така, добил имуносупресивни лекови, но третманот бил далеку помалку интензивен, во согласност со сегашните стандарди.

Тој престанал да зема анти-ХИВ лекарства во септември 2017 година, што го направи првиот пациент после г-дин Brown кој повеќе од една година после престанокот останал без вирусот .

“Мислам дека ова ги менува работите малку”, вели д-р Ravindra Gupta, виролог на Универзитетскиот колеџ во Лондон, која ги презентираше наодите на состанокот во Сиетл. “Сите веруваа дека после Берлинскиот пациент е потребно да се умре за да се излечи ХИВ, но сега веќе не е така.”

Иако Лондонскиот пациент не бил толку болен како Brown по трансплантацијата, процедурата функционирала подеднакво добро: трансплантатот го уништил ракот без штетни несакани ефекти. Трансплантираните имуни клетки, сега отпорни на ХИВ, се чини дека целосно ги замениле неговите ранливи клетки.

Повеќето луѓе со ХИВ-отпорни мутации, наречени делта 32, се од северно европско потекло. IciStem одржува база на податоци од околу 22.000 вакви донатори.

Досега, научниците лоцирале 38 лица со ХИВ кои добиле трансплантација на коскена срцевина, вклучително и шестмина од донатори без мутација.

Лондонскиот пациент е 36 на оваа листа. Друг, број 19 на листата, наречен “Дизелдорфскиот пациент”, веќе четири месеци не прима анти-ХИВ лекарства. Деталите за тој случај ќе бидат презентирани на конференцијата во Сиетл подоцна оваа недела.

Научниците од конзорциумот постојано ја анализираат крвта на Лондонскиот пациент за знаци на вирусот. Тие забележаа слаба индикација за континуирана инфекција во еден од 24 теста, но велат дека ова може да биде резултат на контаминација во примерокот.

Најчувствителниот тест не покажа циркулирачки вирус. Антитела на ХИВ сè уште беа присутни во неговата крв, но нивните нивоа со текот на времето се намалија, со траекторија слична на онаа што се гледа кај Brown.

“На некој начин, единствениот човек со кој директно се споредува е Берлинскиот пациент”, рече тој. “Тоа е единствениот стандард што го имаме во моментот”.

Повеќето експерти кои ги знаат деталите се согласуваат дека новиот случај изгледа како легитимен лек, но некои се неизвесни за неговата релевантност за третманот на СИДА.

“Не сум сигурен што ни кажува ова”, вели д-р Anthony Fauci, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести. “Тоа беше направено со Timothy Ray Brown, а сега имаме уште еден случај – во ред, па сега што? Каде да одиме со тоа? ”

Една од можностите, вели д-р Deeks, е да се развијат пристапи за генотерапија за да се исфрлат CCR5 врз имуните клетки или нивните претходни матични клетки. Отпорни на ХИВ инфекција, овие модифицирани клетки треба на крајот да го исчистат телото од вирусот.

(CCR5 е протеинот што He Jiankui, научник од Кина, тврди дека го изменил со уредување на гените кај најмалку две деца, во обид да ги направи отпорни на ХИВ – експеримент што предизвика меѓународна осуда.)

Неколку компании се занимаваат со генетски терапии, но сé уште не се успешни. Модификацијата мора да биде насочена кон вистинскиот број на клетки, на вистинското место – само на коскената срцевина, на пример, а не на мозокот, и да ги регулира само гените кои го насочуваат производството на CCR5.

“Постојат бројни нивоа на прецизност што мора да се достигнат”, вели д-р Mike McCune, висок советник за глобално здравје во Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. “Постои загриженост дека може да направиш нешто непристојно, и ако е така, можеби ќе посакаш да го вратиш назад”.

Неколку тимови работат на овие пречки, рече д-р McCune. Конечно, тие можат да развијат систем за вирален пренос кој, кога се инјектира во телото, ги бара сите CCR5 рецептори и ги брише, па дури и матичната клетка на донаторот која е отпорна на ХИВ но може да му се даде на секој пациент.

“Ова се соништа, нели?”, рече д-р McCune. “Овие соништа се мотивирани од вакви случаи – тоа ни помага да замислиме што може да се направи во иднина”.

Едно важно предупредување за секој таков пристап е тоа што пациентот сè уште би бил подложен на форма на ХИВ наречен X4, кој користи различен протеин, CXCR4, за да влезе во клетките.

“Ова ќе функционира само ако некој има вирус кој навистина користи само CCR5 за влез – а тоа веројатно е околу 50 отсто од луѓето кои живеат со ХИВ, ако не и помалку”, вели д-р Timothy J. Henrich, специјалист за СИДА на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Дури и ако некое лице носи само мал број на X4 вируси, тие може да се размножуваат во отсуство на конкуренција од нивните вирусни роднини. Постои барем еден пријавен случај на поединец кој добил трансплантација од донатор delta 32, но подоцна го вратил вирусот Х4. (Како мерка на претпазливост против Х4, г. Brown зема дневна пилула за да спречи инфекција со ХИВ).

Brown вели дека се надева дека лекувањето на Лондонскиот пациент ќе се докаже како одржливо како и неговото. “Ако нешто се случило еднаш во медицината, тоа може да се случи повторно”, рече Brown. “Чекав друштво долго време”.

Извор