26 Feb Европарламентарците до македонските парламентарци: забрзајте го донесувањето на законот за антидискриминација
Македонија работи на предлог-закон за заштита од дискриминација од мај 2018 година, но неговиот напредок сега е забавен. Неодамнешните изјави на заменик-премиерот на Македонија дека ЛГБТИ луѓето се “спорна категорија” во новиот нацрт-закон предизвикуваат сомневање дали овој закон ќе биде усвоен со инклузивност за ЛГБТИ лицата.
Членовите на ЛГБТИ Интергрупата им пишаа на членовите на македонскиот парламент.
ДО: Талат Џафери, претседател на Северно-македонскиот парламент; Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за труд и социјална политика; Весна Пемова, заменик-претседател на Комисијата за труд и социјална политика
CC: Членови и заменици на Комисијата за труд и социјална политика
Загриженост: закон за антидискриминација
Брисел, 21 февруари 2019 година
Почитуван претседател на Собранието,
Почитуван претседател на Комисијата за труд и социјална политика,
Почитувани пратеници на Собранието на Република Северна Македонија,
Во изминатите години внимателно го следевме напредокот на Северна Македонија во заштитата на правата на ЛГБТИ луѓето и многуте чекори преземени во таа насока. Бевме задоволни со предлос Законот за спречување и заштита од дискриминација, вклучително и ЛГБТИ лица, изготвен во мај 2018 година, а одобрен од Венецијанската комисија и во согласност со стандардите за пристапување во ЕУ.
Загрижени сме поради неодамнешните изјави на вицепремиерот дека ЛГБТИ луѓето се “спорна категорија” во новиот нацрт-закон за заштита од дискриминација, предизвикувајќи сомнеж дали овој закон ќе биде усвоен со вклученост на ЛГБТИ луѓето.
Сите граѓани заслужуваат да ги заштитат своите човекови права, а ЛГБТИ луѓето не се исклучок. Меѓународните организации, како и Советот на Европа и Европската унија се согласуваат за ова прашање. Ефикасна правна заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет е клучна за заштита на ЛГБТИ луѓето од насилство и дискриминација, но и за обезбедување нивно целосно вклучување во општеството како и секој друг граѓанин.
Со оглед на горенаведеното, ве поттикнуваме да го поддржите усвојувањето на овој закон што е можно поскоро.
Со почит,
Во име на Интергрупата на Европскиот парламент за правата на ЛГБТИ,
Daniele Viotti MEP
Terry Reintke MEP
Malin Bjork MEP
Sirpa Pietikäinen MEP
Sophie in’t Veld MEP
Jean Lambert MEP
Julie Ward MEP
Dimitrios Papadimoulis MEP
David Martin MEP
Ana Gomes MEP
Monika Vana MEP
Virginie Rozière MEP
Bart Staes MEP
Ernest Urtasun MEP
Fredrick Federley MEP
Soraya Post MEP
Theresa Griffin MEP
Jose Inacio Faria MEP
Brando Benifei MEP
Hilde Vautmans MEP
Jude Kirton-Darling MEP
Martina Anderson MEP
Lynn Boylan MEP
Matt Carty MEP
Liadh Ni Riada MEP