11 Dec Полицијата обвинета за убиството на дрег кралицата и ХИВ- активист од Атина, Грција
Заки О, умрел од срцев удар од повредите што тој ги претрпел од суровото претепување од страна на насилници и полицајци
објавено на 4 декември 2018 година 16:58 GMT од Извор
пишува Шенон Пауер
“Скрши го плакарот”, Зак Костопулос во Атина | Фото: Facebook/Justice4 Zak
Четворица полицајци ќе се соочат со суд под обвинение за сторени фатални телесни повреди предизвикувајќи ја смртта на Зак Костопулос. Исто така познат како Заки О (33 годишни), беше сакана дрег кралица и ХИВ и ЛГБТИ активист. Грчкиот активист починал од срцев удар предизвикан од повредите со кои се здобил кога бил фатално претепан.
Двајца мажи кои наводно мислеле дека се обидувал да го ограби нивнот златарски дуќан во Атина, насилно го нападнале Костопулос. Меѓутоа, полицијата, исто така, е вмешана во неговото убиство по појавата на видео каде четворица полициски службеници го тепале и удирале веќе целосно искрварениот и едвај свесен Костопулос. По неговата смрт, медиумите и полицијата го означија Костопулос како “џепчија -крадец” со нож, лажно претставувајќи ја причината поради која бил во продавницата за накит и реалната причина за неговата смрт.
Полицијата беше принудена повторно да ја отвори истрагата за неговата смрт откако извештајот на иследникот откри дека Костопулос – исто така познат како Заки О, – починал од срцев удар предизвикан од повредите со кои се здобил кога бил нападнат од двајцата мажи и од полицијата. Токсиколошкиот извештај, исто така, покажал дека Костопулос немал дрога во неговиот систем, спротивно на извештаите на медиумите и полицијата.
Полицијата е обвинета
Полицијата првично ги пренела четирите полицајци под друга јурисдикција. Но, сега тие се обвинети за предизвикување смртоносна телесна повреда и ќе бидат изнесени пред суд на 12 декември.Полицијата тврди дека само се обиделе да го задржат Зак О, согласно нивните должности. Но, во видеото од инцидентот јасно се гледа дека полицајците го клоцаат и тепаат.”Вие, заедно со вашите колеги-полицајци, во времето на апсењето на починатиот, сте предизвикале телесна повреда, што резултирала со негова смрт”, – открива иследникот за акциите на полицијата. Истрагата води до обвиненија за полициските службеници и нивно излегување пред суд на 2 декември, понеделник.”Поточно, сте го удриле предизвикувајќи му телесна повреда што била зголемена поради ситуацијата што ја претрпел. “Како резултат на овие повреди … предизвикани од однесувањето на сите обвинети … довеле до миокардична повреда од исхемичен тип (прекин на крвоток) кои се причински поврзани со горенаведените повреди и довеле до неговата смрт.”
Семејството на Костопулос бара обвинение за убиство
Родителите на Костопулос побарале, преку својот адвокат, обвиненијата за полициските службеници да се зголемат за убиство.”Четворица од деветтемина полицајци се обвинети за нанесување на смртоносни повреди кај Зак Костопулос”, изјави Ени Папарусу, адвокатката на Костопулос во изјавата за Gay Star News.”Со оглед на тоа што се справувале со веќе повредено лице и во очигледна состојба на слабост, нивното насилно однесување и удари не може да се оправдаат како полициска пракса на “оправдано насилство”.”Очигледно е дека на правно ниво нивните акции треба да се сметаат за убиство, бидејќи под овие околности тие можеле да го предвидат смртоносното дејство на нивните постапки, а сепак продолжиле со насилно однесување и тепање”.Полицијата ги обвини другите двајца одговорни за смртта на Костопулос кои ги ослободи без кауција. Нивните обвиненија вклучуваат нанесување штета што резултирала со смрт и со прекршок за предизвикување тешки телесни повреди.