Управување за одржливост: алатки за спроведување на Целите за одржлив развој на ОН (SDGs)

Управување за одржливост: алатки за спроведување на Целите за одржлив развој на ОН (SDGs)

Автор: Луис Мејлеман

Член на Комитетот на експерти за јавна администрација на ОН (CEPA); Универзитет Левен, Универзитет и Истражувања – Вагенинген, Универзитет Масачусетс Бостон

објавено на: 16 октомври 2018 година

ЗАКЛУЧОЦИ

  • Успешните носители на одлуки не се држат до еден пристап на управување – тие размислуваат надвор од стилот на управување на нивната организација или култура.

 

  • Трите класични стилови на управување: правила (хиерархиско управување), партнерства (мрежно управување) или пазарни инструменти (управување со пазарот) може да се споредат по 50 димензии, што резултира со “инструмент за управување со метаподатоци” со најмалку 150 оперативни форми.

 

  • За SDGs, пристапот за мета-управување обезбедува одлични насоки, бидејќи е неопходно да се комбинираат различните традиции на управување во различни политички области.

 

Зошто најчесто управувањето за одржливост е толку тешко, комплицирано, па дури и неуспешно? Зошто “вистинското” решение – односно тоа што всушност функционира – често се чини надвор од дофат, додека преовладуваат стандардни, но неефикасни и несоодветни решенија? Некои би укажале на недостаток на политичка волја, моќ, ресурси или вештини. Сето ова игра улога, но тоа не е единствената причина.

Успешно управување/владеење бара од лидерите да имаат интуиција за новите прозорци на можности и инстинкти за успешно користење на истите. На пример, актуелното политичко внимание кон пластиката претставува прозорец на можност за решавање на проблемот. Се случи поради ретка комбинација на фактори. Притисокот од невладините здруженија и јавната свест играа улога, но Кина, исто така, ги затвори своите граници за пластичниот отпад на ЕУ, а истовремено Европската комисија бара нови опции за приходи за пополнување на буџетскиот јаз предизвикан од одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата. Данок за пластика одеднаш стана политички изводлива идеја.

Отворениот ум за користење на таквите можности е предуслов за ефективно управување на владата за одржлив развој, но тоа не е доволно. Успешните носители на одлуки не се држат до еден пристап на управување, но – со интуиција или пресметка – користат широк дијапазон на алатки, кој се базира на повеќе пристапи. Тие размислуваат надвор од стилот на владеење на нивната организација или култура.

Секој/а од нас претпочита владеење врз основа на вредности, дали преку правила, партнерства или пазарни инструменти.

 

Дури и ако не го сфатиме тоа, секој/а од нас претпочита владеење врз основа на вредности преку правила (хиерархиско управување), партнерства (мрежно управување) или пазарни инструменти (пазарно управување) или специфична комбинација од нив. Оваа предност може да биде лична, организациска, дел од националната култура, или сето горенаведено. Во мојата работа во меѓународна организација, секојдневно доживувам дека моите германски и источно-европски колеги имаат корист од правни инструменти, скандинавците и холандските преферираат мрежни алатки, додека британските и ирските колеги се склони кон пазарни решенија. Се разбира, ние учиме едни од други и ја откриваме утилитарноста од комбинирање на пристапите. Стратегијата за пластика на ЕУ усвоена претходно оваа година, вклучува елементи од сите три стилови, што претставува успех.

Инкорпорирањето на алатките од различните стилови на управување на стратегијата, исто така, претставува добар пример за паметно и адаптивно законодавство. Мета-управувањето комбинира или се префрла меѓу стиловите на управување за да создаде и одржи ефикасна мешавина за одредена ситуација. Тоа по дефиниција е поврзување со контекстот на динамичен начин и не е само теорија, туку и добра практика. Со цел да се користи ваквото управување (мета управување) како алатка или метод, неопходно е да се разбере контекстот на проблемот. Ова ја вклучува веќе споменатата димензија во културата, но исто така е и во согласност со движењето “Нов јавен менаџмент”. Слоганите како “помалку значи повеќе”, “споделување на работни практики” и “ослободување од бирократијата” се многу популарни, но во пракса имаат свои граници: понекогаш резултираат делотворно и успешно, но помалку со ефикасно управување.Овој вовед има за цел да даде некоја позадина на главниот аргумент на оваа статија: ако сакате да ги комбинирате стиловите на управување, со други зборови, да применувате мета-управување, треба добро да ги разберете сите три стилови, вклучувајќи ги и оние кон кои лично не гравитирате.

 

50 Димензии на управување, 150 Оперативни форми

Трите класични стилови на управување, наведени погоре, можат да се споредат по 50 димензии, на кои секој од нив има различни оперативни форми. Ова значи дека целосната алатка за мета-управување има најмалку 150 оперативни форми. Не сите оперативни форми се конкретни алатки – некоја точка на концептуална позадина на димензијата, на пример. Некои форми лесно се разбираат. На пример, во поглед на комуникациските пристапи на трите стилови, јасно е дека хиерархијата претпочита давање на информации, управувањето со мрежи има потреба од дијалог, а управувањето со пазарот ќе укаже на маркетинг кампања. Не е изненадување тоа дека да зависиш од другиот игра клучна улога во хиерархијата, додека независноста има суштинско значење за управување со пазарот и меѓузависноста е основа за мрежното управувањето. Ајде да погледнеме каде отчетноста одговара на секој од трите стилови на управување, користејќи го примерот на управувањето со образованието. Од хиерархиска гледна точка, отчетноста се раководи со ред и одржување; во мрежното управување – со партиципативност и соработка; кај пазарното управување тоа е регулирано со конкуренција. Стилови на лидерство во хиерархиски, мрежни и пазарни поставки се: заповед и контрола, обука и поддршка, или делегирање и овозможување. Реформата на јавниот сектор може да биде од горе-надолу, инклузивна или отворена за консултанти од надвор. Хиерархијата одлично работи на решавање на проблеми како кризи, додека мрежното управување е добро во справувањето со сложени, “тешки” проблеми, а пазарното управување е прилагодено за рутински проблеми кои бараат ефикасност.

Трите стилови имаат свои типични слабости. Хиерархијата може да доведе до екстремна бирократија, мрежното управување до бескрајни полемики и пазарното до екстремна ефикасност, притоа убивајќи ја ефективноста. Стратегијата би подразбирала планирање – за хиерархискиот управител, учење – за мрежен управител и добивање на конкурентна предност  – за управителот на пазарениот стил. За SDGs (Целите за одржлив развој), пристапот на мета-уредување може да биде одлично водство. За сериите на теми низ различни Цели на развој, неопходно е да се комбинираат различните традиции на владеење во различни области на политиката. На пример, во управувањето со енергијата во моментов доминира управувањето со пазарот во многу земји. Таа е поврзана со климатските активности, кои често се потпираат на хиерархиски решенија (правно обврзувачки договори). Политиката за загадување на воздухот е исто така заснована на правила, додека транспортните политики често се базираат на пазарот. Кружната економија се поттикнува од иновациите во стилот на мрежа од долу-нагоре, но треба да биде во синергија со индустриската политика, која ги поставува правилата за пазарите. Секогаш ќе има неуспех во управувањето, но треба да биде можно да се спречат некои од најлошите случаи и да се изградат повеќе еластични пристапи за управување. Поефикасно владеење е возможно и може да заштеди огромни општествени трошоци – а трудот да се постигне ова, не чини ништо.

Оваа статија е заснована на книгата “Metagovernance for sustainability – рамка за спроведување на SDGs” (Routledge 2018).

Извор