Издаден е првиот родово неутрален пасош во Холандија

Издаден е првиот родово неутрален пасош во Холандија

Во петокот, 19 октомври 2018 година, Холандија го издаде првиот родово неутрален пасош во земјата на 57-годишната личност Leonne Zeegers од Бреда. Zeegers се идентификува како интерсексуална личност и како таква и’ е издаден пасош со родова ознака “X” наместо М или V за машки или женски род.

Родова неутралност во Холандија

Правото да се регистрира како родово-неутрална личност не беше едноставен процес за Zeegers, роден/а со машки и женски атрибути. Борбата за родово неутрален пасош траеше 10 години.

На 28 мај 2018 година, судот во Roermond пресуди во корист на промена на сертификатот од матичната книга на родени на Zeegers за да ја одрази опцијата за родова неутралност. Изводот од матичната книга на родените вели, “полот не може да се утврди” наместо машки или женски. Судот изјави дека неможноста да се регистрира како родова неутрална личност е повреда на приватноста, правото на самоопределување и лична автономија.

Холандскиот закон треба да се промени

Иако Zeegers доби родово неутрален пасош, не значи дека секој кој не се идентификува ниту како маж ниту како жена, сега може да го смени родот во својот пасош или други правни документи. Холандското законодавство треба да се измени за да се овозможи ова.

Во овој момент, оние лица кои сакаат да го променат својот род мора да одат преку судовите за да го сторат тоа. Според COC, група за застапување за ЛГБТИ лица, околу четири проценти од луѓето во Холандија се идентификуваат ниту како машки, ниту како женски.

COC се задоволни за Zeegers, нарекувајќи го исходот “личен триумф” и прогласувајќи го ова за “повик за будење на владата: овозможете им на сите да ги укинат родовите етикети во нивните пасоши и другите официјални документи “.

Извор