Дали хомофобијата е фобија од себе си?

Дали хомофобијата е фобија од себе си?

ScienceDaily (Apr. 6, 2012) – Серија на психолошки истражувања покажаа дека хомофобијата е повеќе нагласена во индивидуите кај кои постои неосознаена привлечност кон истиот пол и кои растеле со авторитарни личности кои забранувале такви пориви. Оваа студија преставува првата од таков вид која ја забележа улогата на родителството и сексуалната ориентација во формирањето на интензивен страв од хомосексуалци, вклучувјаќи и самопрокламирани хомофобични ставови, дискриминаторска пристрасност, имплицитно непријателство кон геј луѓе и подршка на анти-геј политики. Спроведено од страна на тим од Универзитетот во Рочестер, Универзитетот во Есекс и Универзитетот на Калифорнија, ова истражување ќе биде објавено во априлското издание на Journal of Personality and Social Psychology.

 

„Индивидуите кои се идентификуваат како хетеросексуалци, но, во психолошките тестови покажуваат строга наклонетост кон истиот пол се чувствуваат загрозени од гејовите и лезбејките бидејќи хомосексуалците ги потсетуваат на нивните слични внатрешните тенденции“ – објаснува Нета Вајнштајн, предавач на Универзитетот во Есекс и водечки автор на студијата.

 

„Во многу случаи, тоа се луѓе кои водат војна со самите себе си и тој внатрешен конфликт го манифестираат нанадвор“ – додава ко-авторот Ричард Рајан, профестор по психологија на Универзитетот во Рочестер кој директно помагаше во истражувањето.

 

„Студијата вклучува четири засебни експерименти спроведени во САД и Германија во кои биле вклучени просечен број од 160 универзитетски студенти. Податоците од студијата преставуваат нов емпириски доказ кој ја подржува психоаналитичката теорија дека стравот, нелагодноста и аверзијата кои некои хетеросексуалци ја имаат наспрема геј луѓето и лезбејките потекнува од нивните поттсинати хомосексуални пориви„ – вели Рајан.

 

Резултатите исто така ја потврдуваат посовремената теорија за самодетерминација, развивана од страна на Рајан и Едвард Деци од универзитетот на Рочестер, која го поврзува авторитарното родителство со послабо самоприфаќање и потешкотии во безусловното вреднување на себе си.

 

Авторите велат дека исходот од истражувањето може да помогне во објаснувањето на личната динамика на булиингот и злосторствата предизвикани од омраза насочени кон геј луѓето и лезбејките. Известувањата од страна на медиумите на злостроствата предизивикани од омраза кон геј луѓето сугерираат дека напаѓачите чувствуваат некое ниво на закана од страна на хомосексуалците. Луѓето кои ја одрекуваат својата сексуална ориентација се плашат бидејќи геј луѓето го истакнуваат овој нивен внатрешен конфликт, велат авторите.

 

Истражувањето, исто така, го посочува високиот профил на случаи во кои јавни личности кои се декларираат како анти-геј често биваат фаќани во хомосексуални чинови. Во овој контекст, авторите го цитираат случајот на Тед Хагард, евангелистички свештеник кој се противише на геј бракот, но, беше разотркиен во геј скандал во 2006-та, и Глен Марфи, поранешен претседавач на Младата Републиканска Национална Федерација и гласен опонент на геј бракот, кој беше обвинет за сексуален напад врз дваесет и две годишен маж во 2007-та.

 

„Се смееме на ваквото очигледно лицемерие, но овие личности често самите се жртви на репресија и имаат претерено чувство на закана“ – вели Рајан.

 

„Хомофобијата не е нешто со кое треба да се исмеваме. Понекогаш таа носи трагични последици“ – вели Рајан, потенцирајќи ги случаите како убиството на Метју Шепрад во 1998-та или пак застрелувањето на Лери Кинг во 2011-та. За да ја истражат екслицитната и имплицитната сексуална привлечност на учесниците во истражувањето, истражувачите ги мереа дискрепанициите помеѓу тоа што луѓето велат за својата сексуална ориентација и како реагираат за време на краткотрајна задача.

 

На студентите им биле покажувани зборови и слики на компјутерски екран и од нив било побарано да ги стават во „геј“ или „стрејт“ категории. Пред секој од 50-те обиди, учесниците биле презентериани со сублиминална порака со текст „јас“ или „други“ во траење од 35 милисекунди. Потоа им биле прикажани зборовите „геј“, „стрејт“, „хомосексуално“ и „хетеросексуално“, исто така, и слики од стрејт и геј двојки, а потоа компјутерот прецизно го следел нивното време на одговор. Побрза асоцијација на „јас“ со „геј“ и побавна асоцијација на „јас“ со „стрејт“ преставувала индикација за имплицитна геј ориентација. Втор експеримент, во кој субјектите слободно пребарувале истополови или различно полови фотографии, служел како дополнитело мерило за имплицитна сексуална ориентација.

 

Преку серија од прашалници, учесниците, исто така, биле тестирани за видот на родителството низ кое поминалие додека растеле – од авторитарно до демократско. Од студентите се барало да кажат дали се согласуваат со изјави од типот „Се чувстував под контрола и под притисок од одредени аспекти“ и „Се чувствував слободен да бидам онаков каков што сум“. За мерењето на хомофобијата во домаќинствата, субјетите одговарале со можните одговори „Би било непријатно мајка ми да дознае дека била само со лезбејка“ или „Татко ми избегнува геј луѓе секогаш кога постои таа можност“. На крајот, истражувачите го мереле нивото на хомофобија на самите учесници – и генерално, изразено во прашалниците за социјална политика и верувања и имплицитно во задачи за довршување на зборови.

 

Студијата покажала зголемување на бројот на агресивни зборови откако на субјектите сублиминално им бил презентиран збророт „геј“ во времетраење од 35 милисекунди.

Во сите студии, учесниците кои имале родители кои им давале подршка и ги прифаќале биле повеќе свесни за својата имплицитна сексуална ориентација, додека учесниците со авторитарни родители имале голема дискрепанција помеѓу нивната експлицитна и имплицитна сексуална ориентација.

 

„Во предоминатно хетеросексуално општество, „познај се себе си“ може да биде предизвик за многу геј индивидуи. Но, во контролирани хомофобични домови, прифаќањето на малцинска сексуална ориентација може да биде застрашувачка“- објаснува Вајштајт. Овие индивидуи ризикуваат да ја изгубат љубовта и одобрувањето од своите родители доколку признаат дека ги привлекуваат луѓе од ист пол, па затоа многу луѓе го одбиваат или вршат репресија на тој дел од себе си, вели таа.

 

Како дополнување, студијата покажа дека учесниците кои велеле дека се повеќе хетеросексуалци, отколку што тоа се покажало во перформансот на времето на реакција, се повеќе непријателски настроени кон геј луѓето. Авторите заклучуваат дека неусогласеноста помеѓу имплицитната и експицитната сексуална ориентација предвидува различни хомофобични однесувања, вклучувајќи анти-геј ставови, имплицитно непријателство кон геј луѓе, подржување на анти-геј политики и дискриминаторска пристрасност како подршка на построги казни за хомосексуалците.

 

„Студијата покажува дека доколку се чувствувате непријателски кон надворешна група – запрашајте се себе си – зошто?“ – вели Рајан, „Тие интензивни емоции треба да служат како повик за саморефлексија“. Студијата има неколку ограничувања, велат авторите. Сите учесници беа универзитетски студенти, па затоа во иднина би било подобро да се тестираат ефкетите кај помлади адолесценти кои се уште живеат дома и постари возрасни кои имале повеќе време да ги уредат своите животи независно од своите родители и да се забележи менувањето на ставовите со текот на врмето.

 

Другите соработници во оваа студија се Коди ДеХан, Ендру Пржиблиски и Никол Легате, сите од Универзитетот во Рочестер, и Вилијам Рајан, од Универзитот на Калифорнија во Санта Барбара.