Популарна полиаморија: Психолог од Беркли се обидува да ја изедначи немоногамноста со другите сексуални малцинства

Популарна полиаморија: Психолог од Беркли се обидува да ја изедначи немоногамноста со другите сексуални малцинства

од Tom Kertscher

Една не толу позната јужноафриканска публикација вели дека 2018 е годината кога би требало да ја преиспитаме моногамијата. На придружната фотографија се прикажани протестанти кои ја промовираат консензуалната немоногамија или CNM.

Животен стил на работ?

CNM—практицирањето интимни врски кои вклучуваат повеќе од двајца луѓе, со знаење и согласност на сите вклучени —добива внимание во мејнстримот. Психологот за бихевиористичко здравје од UC Berkeley Heath Schechinger настојува на уште повеќе внимание.

Полиаморијата (една форма на CNM) беше прикажана во филмот Professor Marston and the Wonder Women. NPR вели дека полиаморијата е дел од највозбудливите телевизиски серии, вклучително и во една од најпопуларните серии на Netflix, House of Cards. А достапно е и истражување: една студија покажа дека пребарувањата на зборови на Google поврзани со полиаморија и отворени врски драматично се зголемиле. Друга студија проценува дека еден од пет американци имаат искусено CNM.

Сега Schechinger води напори да ја убеди Американската психолошка асоцијација (АПА) да создаде работна група за CNM врските, како дел од Одделот 44 на АПА (исто така познат како Друштво за психолошко проучување на лезбејкските, геј, бисексуални и трансродови прашања). Мисијата на Одделот 44 е да ги проучува “сексуалните малцинства и поединци”, за да може да се адресираат нивните конкретни психолошки потреби.

Schechinger вели дека таквата работна група би можела да доведе до тоа луѓето кои практикуваат CNM да ја добијат истата класа на заштита како ЛГБТ луѓето, како и подобро разбирање за тоа што значи ваквиот избор на врска. Тој истакнува дека скоро 5 отсто од американците моментално се во CNM врска – речиси ист процент како и луѓето кои се идентификуваат како ЛГБТК.

Значи, освен имањето секс со повеќе од една личност, што е она што ги привлекува луѓето?

Многу нешта, вели Schechinger, кој себеси не се нарекува застапник за практикување на CNM, туку застапник за CNM како прифатлива опција.

“Не можеме да го отфрлиме фактот дека сексуалниот аспект на CNM со сигурност е она што ги привлекува луѓето, но сметам дека му се додава многу повеќе од она што е всушност во реалноста”, вели Schechinger. “Многу луѓе зборуваат за тоа дека ова е нешто што е поискрено, или е повеќе усогласено со тоа кои се тие и како размислуваат за себе. Тие исто така зборуваат за тоа како ова е нешто што навистина го олеснува личниот развој. Тие го сметаат за нешто усогласено со нивните духовни практики. Тие, исто така, на ова гледаат, кога размислувате за долгорочна врска која трае 20 или 30 или 40 или 50 години, како нешто поодржливо или повеќе во согласност со нивниот филозофски идеал. ”

Една статија со осврт на истражувања во European Psychologist од март 2017 година каде Schechinger е коавтор, тврди дека постојат три бенефиции во врките кои ги споменуваат единствено луѓето ангажирани во CNM. Една од нив е “исполнување на различните потреби”: тие гледаат на нивната врска како им овозможува исполнување на нивните најразлични желби. Втората е “мноштво на несексуални активности”: тие гледаат на CNM како можност за обезбедување на социјални интеракции, нови искуства, забава и ангажман во широк спектар на активности. И, конечно, “индивидуален раст и развој”: приватноста, чесната комуникација, еднаквоста на моќта, довербата и одделните идентитети во CNM врските промовираат личен и интерперсонален развој повеќе отколку што е можно во моногамните врски.

Освртот, исто така, покажа дека врз основа на претходни истражувања, во споредба со луѓето ангажирани во моногамија, луѓето ангажирани во CNM имаат поголема доверба и помала љубомора, како и слични нивоа на задоволство, посветеност и страстна љубов.

Навистина? Го споделувате вашиот партнер, но помалку сте љубоморни?

“Многу луѓе кои се во не-моногамни врски, гледаат на љубомората како емоција на која може да се работи”, вели Schechinger. “Можеби може да се спореди со анксиозноста, која е нешто што секој го доживува до различен степен и е нешто кое може да се насочи и нешто кое, со текот на времето, луѓето може да го почувствуваат помалку штетно или не толку интензивно.

“Наместо претпоставката дека нешто не е во ред со партнерот кој искусува привлечност кон други луѓе во контекст на врската, привлечноста е “нормализирана” во CNM врските”, вели тој. “И наместо претпоставката дека има нешто погрешно во тоа партнерот да го почувствува тоа, постои очекување дека можеме да зборуваме за тоа во рамки на врската. И постои очекување, исто така, за лицето кое доживува љубомора исто така да го истражува тоа. Значи, наместо да се претпостави дека мојот партнер не е во ред да го привлекува некој друг, или дека јас не сум во право заради чувството на љубомора, постои очекување дека ќе работиме заедно на тоа. ”

Schechinger вели дека работната група на Одделот 44 би можела да започне обид да ги вклучи CNM лицата во мејнстрим психолошките истражувања и да создаде упатства за психолошките практики слични на оние создадени за ЛГБ клиентите.

Во публикацијата за Одделот 44, Schechinger напиша дека смета дека е “време да се прашува за структурата на врките како стандардна практика” меѓу психолозите, а Одделот 44 да размисли за усвојување на работна група на CNM “за зголемување на застапеноста на CNM во науката и образованието и подобрување на квалитетот на менталната здравствена заштита преку креирање на сеопфатни насоки за третман на CNM”.

“Овие чекори, за возврат, ќе помогнат да се поттикне поголема слобода за поединците соодветно да ги разгледаат сите свои опции за романтични врски, додека ефикасно ќе се соочат со анти-CNM предрасудите кои постојат во општеството и нашата област”.

Извор