Буенос Аирес ќе им дозволи на странски геј парови да се венчаат во градот

Буенос Аирес ќе им дозволи на странски геј парови да се венчаат во градот

Аргентина, земја која ја прошири дефиницијата на бракот во 2010-та вклучувајќи ги и истополовите парови и со тоа стана прва земја во Латинска Америка која дозволува истополови бракови, ќе им овозможи на странските геј двојки да се венчаат на нејзина територија, а посебно на територијата на Буенос Аирес.

 

Минатиот месец, Симон Казал и Серџо Лопез, и двајцата од Парагвај, станаа првата странска истополова двојка која се венча во Аргентина. Церемонијата се случи во Росарио, град кој се наоѓа на одалеченост од приближно 300 километри од Буенос Аирес, град во кој е доволено да се венчаат лица кои не се негови жители.

 

Федералната влада на Аргентина веќе вети дека законот за истополов брак ќе биде дополнет за да ги вклучи и ЛГБТ посететителите од други земји. Законодавец од Буенос Аирес пред гратското собрание престави предлог-закон со кој ќе се дозволи странски геј двојки да се венчаат во градот без да поседуваат локална адреса на живеалиште.

 

Според предложениот закон, од странските геј и лезбејски парови ќе биде побарано да покажат фотокопија од својот пасош кој содржи печат на кој е запишан влезот во земјата, привремена адреса и времетраењето на нивната посета на Аргентина.

 

Засега не постои посебна индикација за временска рамка во која законот ќе стане правно обврзувачки.