Утврдена дискриминација во учебниците по етика на Темков

По претставка на Коалицијата Маргини, Комисијата за заштита од дискриминација утврди вознемирување кон луѓето што употребуваат дроги и луѓето што живеат со ХИВ во учебниците „Етика за трета година“ средно образование и учебникот „Како да се singulair chewable 4mg биде добар. Етика за млади“ кој се користи на Филозофскиот факултет. Народниот правобранител исто така постапуваше по претставка за истите учебници и утврди дека содржините имаат елементи на дискриминација.

Содржините во учебникот изобилуваат со навреди, обвинувања, предрасуди и фаталистички позиции, без да земат предвид современите научни сознанија кои се косат со светогледот на авторот кој во учебниците се наметнува како единствено морален и исправен. Авторот во учебниците пласира и неточни тврдења од медицински аспект, цитира божји заповеди кои ги претставува како научи вистини и дава морални судови за интимните односи низ догматско-религиозна призма, помеѓу кои и тврдењето дека „неправењето прељуба е единствен начин на заштита на себе и на својот љубовен партнер од заразните болести и на достоен тек на врската“. Авторот зборува за СИДА/ХИВ како за „ужас на човештвото“ со што креира паника и погрешно ги информира учениците, особено ако се земе предвид дека повеќе 20 години ХИВ не е „фатален“ вирус бидејќи постои антиретровирусна терапија со која се овозможува здрав и квалитетен живот.

Комисијата за заштита од дискриминација препорача Министерството за образование и наука да води сметка учебниците кои се користат да не содржат дискриминација, а на Универзитетот Свети Кирил и Методиј му препорача дека и покрај слодобата на изразување, мора да води грижа за тоа „какви ставови им пренесува на студентите“.

Коалицијата Маргини ги поздравува заложбите и позитвните одлуки на Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација. Истовремено искажуваме загриженост за неконзистентната пракса на институциите кои во претходните случаи на дискриминација во учебниците, изречно препорачуваа и отстранување на дискриминаторкските содржини и нивно повлекување од употреба.

Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација како тела за човекови права треба да укажат дека универзитетската автономија и слобода на изразување на авторите не смее да се практикува на начин што ги повредува правата на граѓаните. Отсуството на јасна препорака за отстранување и ревидирање на спорната содржина во учебникот не придонесува кон елиминирање на дискриминацијата. Поради ова, го повикуваме Универзитетот Св. Кирил и Методиј конечно да преземе одговорност, да ја спроведе препораката на Комисијата за заштита од дискриминација и да ја отстрани проблематичнита содржина од конкретниот учебник, но и од останатите наставни материјали кои се користат за образование на студентите.

Лице за контакт: Драгана Дрндаревска
07820065
dragana.coalition@gmail.com

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top