МАЊА ВЕЛИЧКОВСКА

МАЊА ВЕЛИЧКОВСКА

 

Мања Величковска (р. 1995) е компаратистка, уредница и млада истражувачка. Дипломирана е на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје и е на магистерски студии од областа на естетиката, на Катедрата за филозофија на истиот универзитет. Работи во Коалиција МАРГИНИ како програмска асистентка.

 

Има волонтирано и работено во издавачка дејност и соработувано во реализација на неколку домашни културни фестивали. Од 2018 година е активна членка на регионалната група на критичарки „Pobunjene čitateljke”, а од 2021 е потпретседателка ЈАДРО – Асоцијацијата на независната културна сцена.