Sex Education: Суштински и комплексен приказ на тинејџерското искуство на црната квир младина

Sex Education: Суштински и комплексен приказ на тинејџерското искуство на црната квир младина

Во време кога немаме мир од честопати површните телевизиски обиди за “разновидност”, серијата Sex Education на Netflix дава импресивен, повеќеслоен портрет со кој црните квир момчиња може да се идентификуваат преку возбудливиот лик на Eric Effiong. Eric, кој го игра британско-руандскиот актер Ncuti Gatwa, можеби е најдобриот пријател на централниот протагонист, Otis, но според мене тој го краде шоуто. И покрај тоа што би било лесно за серија која се базира на сексуалното будење на средношколци, сепак на ликот на Eric не е прикачен форматот на образовен роман за надминување на сексуалниот срам – Eric е сигурен во својата хомосексуалност. Тој е горд што некому пружил точно две и пол дркања во текот на летото. Тој и’ ги прикажува своите омилени геј порно сцени на писателката на вонземјанска еротика Lily, а на една домашна журка тој е домаќин на работилница за почетници за пушење кур со банана.

Одбивајќи да го прикажат единствено низ призмата на срамот, сценаристите на Sex Education обезбедуваат простор за Eric да доживее и изрази мноштво на расположенија и емоции. Тој е смешен, енергичен, грижлив и сигурен. Не останувајќи занемарена енигма на работ на дејствието или училишната хиерархија, Eric ентузијастички го живее животот – без разлика дали се приклучува на бендот (иако не го бидува за свирење на хорна), или го привлекува вниманието со својата облека, многу нешта околу Eric ја отелотворуваат самодовербата која се обидувам да ја имам до ден-денес.

И додека неговата електрична енергија и поигрувањето со дрег и женски идентитети се освежувачки за црната квир публика, она што најмногу се истакнува според мене е тоа колку впечатливо Eric е нигериец во дијаспората. Како квир, западноафриканска дијаспора, нашиот однос со бидувањето квир е полн со напнатост, обидувајќи се да се спротивставиме на очекувањата наметнати од културата и традицијата. Во една епизода, Eric е жртва на хомофобичен напад, откако е извисен од Otis и оставен сам облечен во дрег. Ова предизвикува пресвртница во неговата приказна, каде што овие тензии се истражуваат. Како што честопати е случајот, како одговор на таквото насилство против квир и родово флуидните луѓе, тој се повлекува од квир изразувањето и се облекува во досадни, маслиново-кафени тонови. Тој се обидува да се монтира во стаичната и мажествена фигура што се очекува од младите, нигериски момчиња, прашувајќи го татко си, “каков маж сакаш да бидам?”.

“Eric решително и’ потврдува на младата квир публика дека и покрај фактот што твојот идентитет и естетика се врзани за реалноста на твојата безбедност, постои сила и радост во живеењето како вистинскиот, квир ти”

Односот на Eric со неговиот татко е олицетворение на една од најавтентичните и највозбудливите врски во шоуто. Таткото на Eric е парадигматски за она што го гледам кај многу западноафрикански родители на квир деца – тој не е стереотипниот родител со затворен ум кој насилно го отфрла своето дете, но тој сигурно не носи бебешко розова PFLAG маица и не присуствува на парадата во Vauxhall Pleasure Gardens. Г-дин Effiong е родител кој се обидува; воопшто не ја разбира сексуалноста на Eric, но жестоко сака да го заштити. Во текот на шоуто, гледаме дека однесувањето на татко му не е злобна намера да го ограничи неговиот син, туку се заснова на вознемиреноста дека изразувањето надвор од “нормалноста” може да доведе до физичко и емоционално малтретирање.

Но, Eric го прекорува овој обид за заштита, велејќи “Ќе бидам повреден во секој случај. Зарем не е подобро да бидам оној што сум? ” додека носи смарагдно-сребрена шминка. Притоа, Eric решително и’ потврдува на младата квир публика дека и покрај фактот што твојот идентитет и естетика се врзани за реалноста на твојата безбедност, постои сила и радост во живеењето како вистинскиот, квир ти. Неговиот татко одговара дека тој “учи од својот храбар син”.

Истакнувајќи ја тешкотијата со која се соочил во аклиматизирање во белата Британија како западноафрикански мигрант, тој ги препознава дополнителните тешкотии што Eric ги има како квир маж кој се соочува со хомофобија. Признавањето на неговото херојство е потврда без да се сведе на архетипот на “магичен црнец” и препознавање на храброста што е потребна да се живее со сопствениот квир и црн идентитет.

Претставувањето на Eric е добро избалансирано како комично, остро и инспиративно. Но, и покрај силните страни на неговиот лик, препознав некои разочарувачки делови од сценариото. Еден од “хумористичните” заплети на Eric е неговата романтична врска со друг геј студент, Anwar. Но, претпоставката за хумор е дека Eric бркајќи го Anwar е црниот, родово флуиден дечко кој очигледно не е пожелен, па затоа е залуден во неговата потрага. Тоа не е неопходно навредлива презентација, туку како црни квир луѓе кои копнеат за медиумска репрезентација, се чини дека или сме објекти на фетишизација, или сме сожалувани и исмевани поради нашиот недостиг на посакуваност.

Спарувањето на Eric со неговиот силеџија и насилникот, Adam, во финалето на сезоната го прави ова уште потешко да се проголта. Фрустрирачки е тоа што по прикажувањето на Eric како повторно ја гради својата самодоверба по бруталниот хомофобичен напад, тој потоа е претставен како благодарно го привлекува сексуалното внимание од неговиот силеџија. Не само што наративот за “злоупотребувач претворен во љубовник” е истрошен, туку ова спарување го зголемува ризикот за сведување на Eric на алатка во сижето што го зајакнува наративот за “растење” на белиот лик.

Sex Education, исто така, не успева да го задржи Otis како одговорен за напуштање на другарот сам и ранлив, што доведуба до неговиот напад. Реалноста на физичкото малтретирање и напади врз црните родово флуидни луѓе е добро документирана од црните британски личности како Travis Alabanza and Otamere Guobadia.

Додека презентацијата на реакцијата на Eric на нападот е соодветно сензитивна и сочувствителна, со сведувањето на инцидентот на ситна кавга помеѓу Eric и Otis, шоуто ја пропушта виталната можност за документирање на тоа како можат и мораат да застанат стрејт и/или белите “сојузници” во одбрана на своите црни и квир пријатели.

Дури и со некои од непријатните делови од сижето, ликот на Eric е добредојдена и витална репрезентација за црните квир момчиња. Важна насока за Eric би била да се прикажат повеќе интеракции со други црни квир луѓе, како што видовме во една сцена бо која тој е инспириран од “жестокиот” изглед на еден црн квир човек. Eric би можел да најде втор дом и заедница за себе меѓу црните квир врсници. Претставувањето на црните квир луѓе е важно, но исто така е важно да ги претставуваме односите, пријателствата и просторот што го споделуваме едни со други.

Извор