Процена на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација | Коалиција МАРГИНИ

Процена на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација

Преземи

Коалиција Маргини и ХЕРА спроведоа истражување со цел да ги испитаат знаењата, ставовите, капацитетите, практиките и потребите на актуелните народни избраници и избранички во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и нивната заштита од дискриминација.

Собранието на Република Македонија е надлежно да донесува нови и да изменува и дополнува постоечки закони, па поддршката од мнозинство пратеници и пратенички е неопходна за подобрување на законската рамка за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Резултатите од предвремените парламентарни избори од 2016 година ги зголемија очекувањата на ЛГБТИ активистите, но и на меѓународната јавност во однос на создавање политичка волја за донесување закони и политики со кои Република Македонија ќе ги исполни преземените обврски и ќе ги пресретне континуираните барања за унапредување на правата на ЛГБТИ.

Скратеното издание можете да го преземете на македонскиалбански и англиски јазик.

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top