Иницијатива #КонтраБулинг

КонтраБулинг е иницијатива преку која се отвора дијалог за една многу честа појава за која ретко се зборува јавно. Малтретирање, задевање, нарекување врсници со погрдни имиња па дури и физички пресметки, за жал за некои млади луѓе се секојдневие. Не ретко, основа на мотивот за булинг е родовата припадност и сексуалната ориентација кај младите. Поради ова голем број на ученици во основно, средно па и студенти, се соочуваат со низа проблеми кои вклучуваат психичко и физичко насилство, но во голема мера и кибер булинг (Cyber bulling).

На 21.03.2018 во Кино Култура беа презентирани резултатите и промотивните видеа #КонтраБулинг на кои работеа средношколци од Орце Николов, Никола Карев и Васил Антевски-Дрен. Вечерта ги забавуваа DJ Irie Scratch и VALUTi.