Честит Меѓународен ден на човековите права!

Честит Меѓународен ден на човековите права!

kszpmz_bilbord_homofobi lugje_43,6cm x 23,7cm_v2-page-001 (1)

Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ, од денес, 10.12.2015, преку поставување на неколку билборди низ центарот на градот Скопје, започнува со кампањата “…И ХОМОФОБИТЕ СЕ ЛУЃЕ“, а со цел да го одбележиме Меѓународниот ден на човековите права.

Акцијата е направена во соработка со Квир Загреб и дизајнерската куќа Bruketa & Žinić од Хрватска, а на основа на истоимената кампања која тие веќе ја спроведуваа во Хрватска низ повеќе градови пред неколку години.

Коалицијата ве повикува за поддршка, преку споделување на илустрацијата на вашите веб страни и медиуми.

Во прилог погледнете го целосното соопштение и дизајнот за кампањата.