Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите

Со задоволство ви го претставуваме најновиот “Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите” од авторките д-р Марина Тунева и Ана Аврамоска Нушкова. Овој прирачник е редок тип на материјал кај нас но и пошироко и веруваме дека ќе наиде на широка примена од медиумските професионалци но и дека ќе им послужи на сите оние кои работат во областа на родово базираното насилство, односите со медиумите за овие теми како и комуникациите.

Целта на овој Прирачник е, пред сè, да им помогне на медиумите во нивните заложби за професионално известување на родово сензитивен начин, а со тоа и во обрнувањето внимание на проблемот со родово заснованото насилство. Освен тоа, запознавајќи ги медиумите со соодветната терминологија, како и надлежните институции кои се задолжени да постапуваат, Прирачникот ќе им овозможи да стекнат сеопфатни познавања за случаите за коишто ќе известуваат.

Прирачникот е изработен како дел од проектот„Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција МаргиниНационална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство во рамки на Регионалната програма на Европската Унија, UN Women Skopje и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“

Прирачникот е изработен на македонски и албански јазик.