Истражување на опсегот на родово засновано насилство врз жени и девојки на јавниот простор во Општина Тетово

Јавните простори се повеќе од само физички простори низ кои минуваат луѓе, односно, тие имаат своја економска вредност, промовираат социјална кохезија и често нудат бенефиции за животната средина и културата. Со други зборови, постои корелација меѓу урбаниот јавен простор и општеството. Употребата на јавните постори е форма на социјална активност и затоа архитектите и урбанистите, како креатори на овие простори, мора да ги земат предвид специфичните потреби за активности и специфичните начини на социјализација на различните групи на луѓе, а особено на жените и девојките. Безбедени, раздвижени и добро одржувани се трите клучни карактеристики на јавните простори според Организацијата на
Обединетите Нации за домување (UN Habitat ). Токму затоа, прашањата за безбедноста, чувството на сигурност и можноста за непречено користење на јавниот простор беа клучни теми со кои се занимаваше нашата студија.

Општина Тетово се соочува со бројни инфраструктурни проблеми. Сите овие проблеми ги засегаат сите граѓани на општината, но земајќи ги предвид различните улоги меѓу мажите и жените, кои се јавуваат како резултат на вкоренетите патријархални норми, овие проблеми непропорционално повеќе влијаат врз благосостојбата на жените и доведуваат до зголемување на родовата нееднаквост. Ние веруваме дека оваа студија е добар почеток за отворање на прашањето за родово заснованото насилство во Тетово.

Резултатите од Студијата беа презентирани пред јавноста во Тетово, каде ги проследија претставници од релевантни институции, воедно и директни учесници во истражувачкиот процес. Работата со институциите, конкретно Полицијата и Општините, сметаме дека може да помогне да се утврдат ризичните точки во градовите и да посветат поголемо внимание во изнаоѓање на најадекватни механизми за промена на состојбите. Исто така, резултатите добиени од истражувањето беа искористени за креирање на предлог мерки во двогодишниот Предлог-акциски план на Општина Тетово за 2020-2021 година за спречување и заштита од родово засновано насилство, кој беше изработен во рамки на овој проект. Овој Предлог–
акциски план беше презентиран на средба со претставници од Општина Тетово каде беше разгледувано прашањето за негово усвојување.

Конечно, студијата е од полза и на локалните женски здруженија на граѓани и нивните напори за елимирање на родово заснованото насилство во своите општини. Процесот на изготовка вклучуваше дводневни работни сесии на кои учество  10 земаа претставници на Коалицијата Маргини, НВО Женски форум Тетово, регионалната канцеларија на Народниот Правобранител, Центарот за социјална работа Тетово, и Координаторката за еднакви можности при Општина Тетово.

Оваа студија беше подготвена во рамките на проектот “Сеопфатна студија за родово засновано насилство во јавниот простор во Општина Тетово” имплементиран од Коалицијата Маргини во партнерство со Женски Форум Тетово. Проектот e во рамките на регионалната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”. Проектот е финансиран од Европската Унија. Студијата е изработена со финансиска поддршка на Европската унија.

На следните линкови може да ја преземете публикацијата на македонски и на албански јазик:

ПРЕВЗЕМИ мк

ПРЕЗЕМИ АЛБ