Македонија

Две недели по извештајот на Европската комисија за Македонија во кој беа упатени сериозни забелешки по однос прашањето на недискриминација во земјата (посебно околу дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација), Претседателот на Р.М, Ѓорге Иванов му врачи благодарница за посебни заслуги во борбата против дискриминација на весникот и човекот кои во Македонија веќе со традиција го шират најопасниот говор на омраза кон хомосексуалците, Албанците и сите маргинализирани заедници. Да потсетиме, во својата популистички ориентирана предизборна кампања, Иванов го негираше постоењето на дискриминација врз нехетеросекуалците во Македонија и тврдеше дека истите се саможигосуваат.

Уште позагрижувачки е фактот дека оваа благодарница беше доделена од страна на организација која е еден од основачите на Сојузот “Македонија без дискриминација“, во рамки на изложба на фотографии на тема Македонија без дискриминација, организирана во партнерство со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Министерството за труд и социјална политика.

ХОПС – Опции за здрав живот во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на
маргинализираните заедници, и со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, има
чест да Ве покани на панел дискусија:

„ЛГБТ во медиумите – заштита од говор на омраза“

Панел дискусијата ќе се одржи на 30.10.2009 (петок) во хотел Арка (мала сала), од 10:30ч до
12:30ч. Свои излагања ќе имаат: Славчо Димитров, истражувач;  Беким Кадриу, експерт за човекови
права; Тамара Чаусидис, Совет на честа при здружението на новинари на Македонија; Кочо
Андоновски, активист за правата на ЛГБТ, а средбата ќе биде модерирана од Жарко Трајановски,
истражувач, блогер, колумнист и активист.


На 14 октомври 2009 година, Европската комисија ги објави своите извештаи за 2009 година за напредокот на земјите кои аплицираа за членство во ЕУ - Хрватска, Република Македонија, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово. Во извештајот се потенцира напредокот направен од страна на овие земји кон ЕУ интеграцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат. ИЛГА-Европа со задоволство гледа на референците во извештаите  кои се однесуваат на човековите права на лезбејките, гејовите, бисексуалците и транссексуалците .

ЛГБТ темите се опфатени во сите извештаи и во нив се користат построги критериуми од страна на Комисијата во однос на повредите на човековите права на ЛГБТ луѓето и за неисполнувањето на  стандардите  на европските партнерства од страна на државите - апликанти. Исто така, позитивно што се  забележува дека во извештаите се дадоа конкретни препораки до државите да воведат анти-дискриминаторските закони и политики, кои се во согласност со барањата на ЕУ. Во извештаите, исто така, се потенцира потребата во пракса да се подигне нивото на заштитата против дискриминацијата  во земјите каде што законите се донесени (Хрватска, Србија). Комисијата конкретно ги критикуваше владите за неуспехот да се обезбеди адекватна заштита на учесниците на белградскиот прајд кој доведоа до откажување на настанот, како и за повреда на слободата на изразување и здружување во фамозниот случај на Ламбда од Истанбул, Турција.


ХОПС – Опции за здрав живот во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализираните заедници, и со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, има чест да Ве покани на панел дискусија:

‘Сексуалните работници во медиумите – правото на приватност е човеково право‘

Панел дискусијата ќе се одржи на 21.10.2009 (среда) во хотел Арка (мала сала), од 10:30ч до 12:30ч. Свои излагања ќе имаат: Жарко Трајановски, истражувач;  Зоран Бојаровски, новинар;  Елена Стојановска, Дирекција за заштита на јавни податоци; Марија Тошева, ХОПС, а средбата ќе биде модерирана од Ирена Цветковиќ, истражувач, колумнист и активист.

На 04.10.2009, во Клуб на Новинари во Скопје, ХОПС во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализирани заедници,  спроведе работилница со новинари на тема ‘Медиуми, не-дискриминација и маргинализираните заедници‘.

Целта на работилницата беше да новинарите добијат информации за ЛГБТ популацијата, Сексуална  работа и Корисниците на дрога во Македонија, да се воспостави дијалог помеѓу невладиниот сектор и новинарите во врска со наведените теми и да се разгледа  и потенцира  улогата на медиумите во борбата против стигмата и дискриминацијата, особено насочена кон маргинализираните групи.

Настанот е дел од пошироки активности кои опфаќаат истражувачки дел на медиумите и маргинализираните заедници, работилници со новинари и тематски панел дискусии. Активностите финанскиски се поддржани од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Македонија.


Од 16 до 24ти Септември, во Охрид, Македонија, се одржа третата годишна средба на SWAN, на која учествуваа 50 претставници на организации и групи на сексуални работници од 16 земји во регионот на Источна Европа и Централна Азија.

 

Самата средба претставуваше комбинација од повеќе настани – работилница за самоорганизирани акции на сексуалните работници, стратешко планирање на самата мрежа, обука за документирање на кршење на правата на сексуалните работници, обука за работа со медиуми, дискусии на теми од заеднички интерес на претставниците – промоција на регионален извештај за сексуалните работници и полициското насилство, координирање на регионалната кампања по повод 17ти Декември и слично.


Домаќин и организатор на годинашната средба беше ХОПС – Опции за здрав живот, членка на SWAN уште од самото формирање на мрежата во 2006 година.

 


Објавено е февруарско/мартовско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус: 3-ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници
Денот е востановен во 2001-та кога над 25 илјади сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуалните работници. Организаторите на првиот фестивал беше Комитетот Durbar Mahila Samanwaya, група која чие седиште се наоѓа во Калкута и чие членство брои повеќе од 50 илјади сексуални работници и членови на нивните заедници. Здруженијата на сексуалните работници од целиот свет го слават 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

Можете да прочитате повеќе за инсторијата на овој ден на Women's Rights blog
Како сексуалните работници во Њујорк го прославија овој ден можете да погледнете на следниов линк
LISTICLES.

Партнерство во акција - ХОПС користи видео во заштита на правата на сексуалните работници

ХОПС започна партнерство со Витнес (www.witness.org), оргнанизација за заштита на човековите права со седиште во Њујорк а која делува глобално и промовира видео активизам како ефикасен алат за промоција на правата на различни групи во започнати камапањи за човекови права. Партнерството помеѓу ХОПС и Витнес се состои од развивање на план за застапување преку видео во овогодишната кампања по повод 17-ти декември. Повеќе...

ЛИНК до Билтенот


Институтот Евро- Балкан, поддржан од програмата Jean Monnet Lifelong Learning Program објавува повик за учество на регионалната конференција „Интегрирање различност – Човекови права, Социјална Инклузија и Социјална Кохезија на Балканот на неговиот пат до ЕУ“ која ќе се одржи во Охрид од 23-ти до 31-ви мај 2009-та.

Целта на конференцијата е да ги промовира теоретските и практичните придобивки од концепотот за социјална инкузија, да иницира градење на регионална мрежа на академици, истражувачи, фунционери и НВО-а кои работат на полето на социјална инклузија (Балканска мрежа за социјална инклузија и европско државјаство – BNSIEC) и да стимулира солидни резултати во истражувачката агенда која ја истражува врската помеѓу социјалната ислученост и европското државјаство.

Постои можност да се аплицира како презентер на труд или за учество како слушател на конференцијата. Организацијата ќе спонзорира учество на 24 презентери на трудови и 40 слушатели.

Ве молиме, да ја земете предвид можоста да изберете помеѓу модалитетот кој вам најмногу ви одговара и со кој повеќе ќе придонесете на конференцијата.

За повеќе детали за конференцијата и подготвувањето и пријавувањето на трудовите можете да прочитате во Повикот за пријава на трудови.

За повеќе детали за конференцијата и апликацирање за учество на истата, можете да прочитате во Повикот за апликација.

Информациите во врска со конференцијата и нејзината генерална идеја, можете да најдете на страницата
www.seesoc.org.mk.

Формулар за апликација за учество на конференцијата.

ХОПС-Опции за здрав живот и Коалицијата за промоција и заштита на правата на маргинализираните заедници за потребите на истражувачкиот проект “Медиумите, маргинализираните заедници и не-дискриминацијата” финансиски поддржан од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, имаат потреба од ангажирање на:

2 асистенти истражувачи, за период Март – Јули, 2009
Задачи и обврски:
• Да асиситираат во развивањето на истражувачката методологија
• Да учествуваат во реализацијата на истражувањето (водење фокус групи, интервјуа, следење на печатени медиуми)
• Да асистираат на главниот истражувач во подготовката на анализата на податоците
Барани квалификации:
• Универзитетска диплома или МА во областа на хуманистички или родови студии, сексуалност, човекови права, визуелна култура и медиум или сродни дисциплини
• Искуство во изработка на анализи или публикувани текстови од областа на човекови права, дискриминација или погоре споменатите дисциплини
• Искуство од учество во истражувања

1 асистент за следење на албански печатени медиум, за период Април-Јуни, 2009
Задачи и обврски:
• Да врши следење на печатените медиуми на албански јазик во Македонија
• Да врши превод и подготовка за анализа на статиите од интерес за истражувањето
• Да асистира во процесот на истражување во деловите кои бараат познавање на македонски и албански јазик
Барани квалификации:
• Универзитетска диплома во областа на новинарство, човекови права или комуникации
• Одлично познавање на македонскиот и албанскиот јазик

Сите заинтересирани лица своите CV-ја и мотивациони писма можат да ги достават на: marijat@hops. org.mk и hops@hops.org.mk најдоцна до 16.03.2009 дo 17 часот.


Здружението на граѓани Акција Здруженска и Движењето за социјална правда - Ленка   на 17.02.2009 започнуваат кампања под мото „НЕ НАСЕДНУВАМ!”.
Ве повикуваме да и се спротивставите сеопшата манипулација и злоупотребата на репродукцијата која  е најчувствителното политичко прашање за жените.

Активирајте се и застанете против огранчувањето на слободата и насилното наметнување идентитети, приоритети и животни стилови.
Спротивставете се на агресивното наметнување на партијархални вредности и стереотипи кои ги обезвреднуваат жените и ги сведуваат на машини за раѓање и чуварки на нацијата.

Не наседнувајте на лицемерната грижа за здравјето, повиците за спас на душите и  спас на нацијата.
Застанете против сите кои сметаат дека единствената вредност, потенцијал и интерес на жените е нивната способност да раѓаат деца.
Ве повикуваме да и се придружите на нашата кампања со тоа што ќе го дадете својот потпис на петицијата дадена во прилог.
Проследете го овој повик до сите ваши пријателки, пријатели, организации и  мрежи.

Пунктовите на кои ке се собираат потписите во Скопје ке бидат поставени на следните локации:
Во периодот од 17-20.02.2009 од 11:00- 17:00 часот

1. Плоштад Македонија
2. Влезот на ГТЦ (од страната на плоштадот)
3. Улица МАкедонија (кај споменикот на Мајка Тереза)

Во периодот од 17-18.02.2009 од  12:00-15:00 часот

4. Градежен Факултет
5. Комплекс факултети
6. Медицински факултет

За акцијата на собирање потписи на локално ниво ке ве информираме дополнително.
 
Со почит,
 
Акција Здруженска и
Движење за социјална правда - Ленка

Петицијата

КАПИСЛА: Независна акција за поддршка на борбата против владините и невладини анти-абортус кампањи

Во среда, на 28.01.2009, со почеток од 22 часот, во ноќниот клуб Ретокс се одржа независна кампања за поддршка на борбата против конзервативната офанзива на македонските државни и невладини институции по однос прашањето на абортусот како легитимно сексуално и репродуктивно права на жените.

Независната кампања опфати “Standing in the way of control” DJ музички сет на Соња Исмаил и Ивана Драгшиќ, изложба на уметнички дела од млади македонски уметници, изложбени и продажни штандови на издавачката куќа Темплум, продукцијата на 103-ка, како  и дистрибуција на промотивни материјали за сексуално здравје од страна на Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници. 


Fundraiser: каписла е независна акција за борба против конзервативната офанзива на државните и невладините институции, офанзива која упорно ја силува и онака кревката демократија во Република Македонија.

Настанот ќе вклучува:

    *
Standing in the Way of Control диџеј сет на Ивана Драгшиќ и Соња Исмаил
    * дела од млади македонски автори, изработени од анти-абортус плакатите со кои што фантомските "невладини" организицаии го контаминираа градот
    * промоција и продажба на македонското издаваштво
    * хенд-мејд уникатни подароци за посетителите


Абортирај го фашизмот! Поддржи го правото на избор!
среда  28-ми јануари 22 h. ::: клуб Retox


На 17-ти декември, датумот на кој се одбележува Меѓународниот ден на борбата против насилството врз сексуалните работници, беше пуштен во употреба веб сајтот www.services4sexworkers.eu кој содржи датабаза на сервиси достапни за сексуалните работници во 25 европски земји.

Вебсајтот е развиен од европската мрежа ТАМПЕР во која членуваат 26 организации во 25 земји од Европската унија, кои работат со сексуалните работници од 1993, и кои се залагаат за правата на сексуалните работници.

Сајтот им нуди информации на сексуалните, здравствените и социјалните работници за недискриминаторска поддршка која им е на расплагање.

Вебсајтот ќе биде дополнуван со информации во следните недели на повеќе јазици, и ќе содржи информации за законските рамки во повеќето земји.


ГРУПА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ И НИВНИ ПОДДРЖУВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА ГО ОДБЕЛЕЖАА 17-ти ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

Веќе вторпат оваа година во Македонија, Неформалното здружение на активисти за правата на сексуалните работници во Македонија “СТАР“ и Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализирани заедници, го одбележаа Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.


17ти Декември Меѓународен ден против насилството врз сексуалните работници
 
На овој ден сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти за човекови права ширум светот се собираат и организираат за да укажат на кривичните дела од омраза извршени врз сексуалните работници и да им оддадат почит на жртвите на насилството.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Ани Спринкл (проститутка/порно ѕвезда која подоцна станува сексолог) и Sex Workers Outreach Project USA  како помен и мирен протест во име на жртвите на Убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон, кој на 18ти Декември 2003 е осуден на 48 доживотни казни затвор и по 10,000 $ за секоја убиена сексуална работничка.


Ве молиме да го потпишете и препратите ова протестно писмо упатено до минситерката и заменикот министер за внатрешни работи, раководителот на Секторот за внатрешна контрола, министерот за здравство и народниот правобранител во врска со неодамнешниот  случај на приведување на група на сексуални работници.


Властите во Република Македонија неколку пати застанаа во одбрана на полицијата која во овој случај изврши кршење на дел од човековите права на приведените лица, и со тоа намерно придонесоа во создавањето на клима во која владее нетолеранција која ќе го зголеми ризикот за понатамошни прекршувања вклучувајќи го и насилството врз сексуалните работници.


Испратете го вашето име, позиција и името на вашата организација до 16 декември на емејл адресата  
schu@aidslaw.ca. Писмото ќе биде испратено на 17 декември, на Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.

Симнете го писмото овде.


СВАН – Мрежа за промоција на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија



Отворено писмо до македонската влада по однос на притворот, присилното тестирање и тужбите поднесени против сексуалните работнички во Македонија во ноември, 2008

 

 

Будимпешта, 5ти декември 2008-12-08

 

Почитувани:

 

Г-ѓо Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи,

Г-ѓо Анета Станчевска, Вице-Премиер за внатрешни работи и главна на Секторот за внатрешна контрола

Г-дине Иџет Мемети, Народен правобранител

Г-дине Бујар Османи, Министер за здравство

 

Ние, поддржувачи и претставници на интернационалната заедница на сексуални работници и организации и индивидуалци кои ги промовираат човечките права, најостро ги осудуваме актуелните полициски акции и присилното тестирање за СПИ на сексуални работнички во Скопје, Македонија, во ноември 2008.


zanasВо овој број ќе прочитате:
Исповед на сексуален работник | Митови и заблуди околу контрацептивни таблети | Награди за добрите “сексуални работнички” | Шпанците редовно ги користат услугите на проститутките | Здравје и убавнина | Претставен новиот кондом во спреј | Еротски хороскоп


Невладините организации ХОПС, Избор, ХЕРА, ЕГАЛ, МАССО, СТАР, ММНШ во рамки на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Македонија најостро реагира и го осудува текстот на Митрополитот Брегалнички Г. Илиарион, објавен на 8-ми ноември, сабота, во дневниот весник Дневник.