ЛГБТ правата треба да се почитуваат

ЛГБТ правата треба да се почитуваат

На 14 октомври 2009 година, Европската комисија ги објави своите извештаи за 2009 година за напредокот на земјите кои аплицираа за членство во ЕУ – Хрватска, Република Македонија, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово. Во извештајот се потенцира напредокот направен од страна на овие земји кон ЕУ интеграцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат. ИЛГА-Европа со задоволство гледа на референците во извештаите  кои се однесуваат на човековите права на лезбејките, гејовите, бисексуалците и транссексуалците .

ЛГБТ темите се опфатени во сите извештаи и во нив се користат построги критериуми од страна на Комисијата во однос на повредите на човековите права на ЛГБТ луѓето и за неисполнувањето на  стандардите  на европските партнерства од страна на државите – апликанти. Исто така, позитивно што се  забележува дека во извештаите се дадоа конкретни препораки до државите да воведат анти-дискриминаторските закони и политики, кои се во согласност со барањата на ЕУ. Во извештаите, исто така, се потенцира потребата во пракса да се подигне нивото на заштитата против дискриминацијата  во земјите каде што законите се донесени (Хрватска, Србија). Комисијата конкретно ги критикуваше владите за неуспехот да се обезбеди адекватна заштита на учесниците на белградскиот прајд кој доведоа до откажување на настанот, како и за повреда на слободата на изразување и здружување во фамозниот случај на Ламбда од Истанбул, Турција.


ИЛГА-Европа партиципираше во исходот на извештаите за напредок на Комисијата во мај 2009 година. Во јуни 2009 година ИЛГА, исто така, допринесе со учеството на 5 активисти од Хрватска, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина и Србија на консултациите со Европската комисија за извештаите за напредок.

Lilit Poghosyan, програмски директор на ИЛГА-Европа, кој е задолжена за од Западниот Балкан и Турција, изјави:  “Извештаите за напредок на Комисијата се една од најважните алатки на ЕУ кои влијаат врз состојбата на човековите права во земјите кандидати и потенцијални земји-кандидати. Со пошироката и очигледната икслузија на човековите права на ЛГБТ популацијата во системот за мониторинг за Комисијата и во Извештаите за напредокот ,се покажува дека ЛГБТ права се признаени во рамките на Европската унија и дека тоа се очекува и се бара од идните членки да бидат согласност со европската вредности. Го поздравуваме начинот на кој прашањата на човековите права на ЛГБТ луѓето се покрентати во овогодишните извештаи за напредокот на Комисијата и охрабруваме да се продолжи со афирмација на принципите на недискриминација и еднаквост во преговорите со земјите.“