Коалиција

hopsХОПС - Опции за здрав живот е здружение на граѓани кое започна со работа во 1997 година како прв проект во Република Македонија за размена на опрема за инјектирање.

Х.Е.Р.А. е непрофитна организација формирана со слободно здружување на граѓаните, со цел остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат информирани и да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, како и застапување за обезбедување на тоа право.

Здружението на граѓани ЕГАЛ – Скопје е основано на 3ти Ноември 2003 година како резултат на сé поголемиот број активности за сексуалното здравје и културата на живеење на веќе видливата ЛГБТ (Лезбејска Геј Бисксуална и Трансексуална) сцена во Р. Македонија.