Биографија на “ИЗБОР” – Струмица

Биографија на “ИЗБОР” – Струмица

Мисија на организацијата:
НВО "ИЗБОР" е невладина, непрофитна и непартиска организација,  основана во 1997 година како резултат на растечките потреби на заедницата од одговор и помош во намалувањето на  штетните последици од употребата на дрога, како што се превенцијата од ширење на инфекциите на ХИВ, Хепатит Б и Ц и други заболувања  кои заради  ризичното  однесување се карактеристични за нашите целни групи, притоа борејки се против опасните маргинализации и етикетирања и злоупотреби на основните човекови права, преку создавање на нови коалиции и партнерства.

НВО "ИЗБОР" ги остварува своите цели преку разни проектни активности на кои работи стручен тим, кој има посетувано голем број на семинари, тренинг-курсови и студиски посети во земјава и странство, а е составен од професионални психолози, психијатри, лекари, социјални работници, правници, социолози, новинари и уметници, како и млади, волонтери и активист, сегашни и бивши корисници на дрога кои се вклучени во сите нивоа на одлучување и работење на здружението.

Сектори на дејствување:
1. Сектор за едукација, кој ги планира и осмислува сите активности од полето на информирањето и едукација; организирање и селекција на семинарите, тренинг-курсовите и другите форми на едукација, како и подготовка на печатен  материјал
2. Медицински сектор, нуди совети, интервенции од ургентен карактер, дијагностицирање, како и препраќање во останатите релевантни медицински институции во државата;
3. Сектор за дроги, кој своите активности ги реализира преку:

а. Теренска работа  помеѓу интавенските и другите корисници на дрога /Outreach/
б. Програма за размена на игли и шприцови /Needle-exchange/, кондоми и едукациски материал за употреба на дроги и последиците од нивното користење, сексуално и крвно преносливи ифекции, побезбедно инјектирање, побезбеден секс, превенција од предозирање; кои се вршат стационарно и на терен
ц. Метадонски третман, кој се спроведува организирано во Дневната болница за прифат, третман и продолжено лекување Св. Елисавета во Струмица
д. Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација – Банско;
е. Тераписка заедница Покров;
ф. Социјален клуб;

4. ХИВ/СИДА/СПИ сектор надлежен за информирање, превенирање и организирање на тренинзи, подготвување на едукациски материјали и кампањи од областа на сексуално и по крвен пат преносливите инфекции,  со посебен акцент на ХИВ/СИДА;
5. Сектор Сексуална работа, одговорен за едуцирање, советување и медицинска помош на сексуалните работници, спроведување на програма за поделба на кондоми и лубриканти и специфичен едукативен материјал за оваа целна група;
6. Трговија со луѓе, надлежен за информирање, едуцирање и превенција на оваа честа појава на злоупотреба на човековите права во нашиот регион;
7. Човекови права, кој се грижи за информирање, советување и застапување, односно заштита при злоупотреба на човековите права,  во однос на државните и други органи и институции;
8. Турско-ромски сектор кој се грижи за информирање и едуцирање на турско-ромската популација од областа на ХИВ/СИДА превенција и остварување на човековите права.

Поважни реализирани проекти:

  • 2000 – 2004 Програма за намалување на штети кај интравенски корисници на дрога /финансирана од ФИООМ/; а од Ноември 2004 оваа програма во наредните две години ќе ја финансира Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, ТБЦ и маларија
  • 2003 "Риск-Нет" – Проект за ХИВ/СИДА и СПИ превенција кај корисници на дрога, комерцијални сексуални работници и мажи кои имаат секс со мажи /финансиран од УСАИД/ Заеднички проект со др. НВО ;
  • 2003 Прва локална кампања за одбележување на 1-ви Декември светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА;
  • 2003 – 2004 Проект за вклучување на локалната самоуправа во ХИВ/СИДА превенција /финансиран од ИТЗ, во соработка со МИА – Стоп СИДА од Скопје;
  • 2004 Втора локална кампања за одбележување на 1-ви Декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА /поддржан од ФИООМ/,    
  • 2004 Отворање на Дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на поранешни корисници на дрога во с. Банско /заеднички проект со МПЦ – Струмичка Епархија и дел финансиски подржан од Норвешка Амбасада во РМ;
  • Февруари 2005 Отворање на Дневна болница за прифат, третман и лекување на болести на зависност /заеднички проект со МПЦ – Струмичка Епархија, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјала, Медицински Центар – Струмица и Центарот за социјална работа – Струмица/
  • Организирани бесплатни курсеви по странски јазик и почетен курс по Информатика – заеднички проект со Работнички универзитет  Јоска Свештарот  од Струмица
  • Март 2005 Отворање на регионална канцеларија за човекови права, како дел од проектот за поддршка на човековите права во Коалиција со уште четири НВО-и /подржана и финансирана од ОБСЕ, чија цел е обезбедување на правни совети и  олеснување на пристапот до институциите на граѓаните кои се жалат на неправилности во полициската и судската постапка/
  • Глобал Фонд 2005-2012
  • 2007 отварање на Социјален клуб за лица кои се на метадонски програм во склоп на дневната болница за прифат, третман и продолжено лекување, СВ. Елисавета – Струмица, заеднички проект на Избор, МПЦ Струмичка Епархија, Локалната самоуправа и УНИЦЕФ;
  • 2007 отварање на Тераписка заедница ПОКРОВ за рехабилитација и реинтеграција на корисници на дрога, зеднички проект на Избор, МПЦ Струмичка Епаркија и Бизнис сектор;
  • Издавачка дејност:
  • Книга: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФАКТИТЕ тираж 1000 примероци, 2000г.
  • Брошури, флаери, плакати  (15 различни видови, вкупен тираж преку 50000 примероци во период од 2001-2005)
  • Учество во:
  • Истражувањата и изготвувањето  на стратегија за ХИВ/СИДА/СПИ на Р. Македонија;
  • Изготвувањето на стртегија за дроги на РМ;
  • Истражувањето за правата на пациентите во Струмичкиот регион;
  • Дел од Коалицијата за правично судење;
  • Дел од мрежата за борба против Трговија со луѓе;
  • Основачи и членови  на Македонската Мрежа за намалување на Штета кај корисниците на дрога;
  • Членови на Централно и  Источно Европска Мрежа за намалување на штети;
  • Членови на Канадската мрежа за намалување на штети;
  • Членови на Австралиската мрежа за намалување на штети и тн;