Десет години после декриминализацијата во Португалија, употребата на дрога намалена за половина

Десет години после декриминализацијата во Португалија, употребата на дрога намалена за половина

Застапниците на „Војната против дрогата“ велат дека употребата на дрога драстично ќе се зголеми доколку се легализираат или декриминализираат дрогите во САД. За среќа, сега имаме вистински пример за практичните ефекти од стопирањето на насилната и скапа Војна против дрогата и нејзиното заменување со систем за третман на проблематични корисници и зависници.

 

Пред десет години, Португалија ги декриминализираше сите дроги. Една деценија по овој беспреседански експеримент, употребата на дрогите е намалена за половина.

 

Здравствените експерти во Португалија минатиот петок соопштија дека одлуката на Португалија да се декриминализира употребата на дрога, а корисниците да добијат третман наместо да бидат казнувани, се покажа како успешен експеримент.

 

„Не постои сомнеж дека феноменот на зависност е во опаѓање во Португалија“ – изјави Joao Goulao, претседателот на Институтот за дроги и завнисности од дроги, на прес конфенреција со која се одбележа десетгодишнината од усвојувањто на законот.

 

Бројот на зависници кои се сметаат за „проблематични“, оние кои постојано употребуват „тешки“ дроги и интравенските корисници, е намален за половина од раните 90-ти кога бројката се пресметуваше на 100.000 лица, изјави Goulao.

 

„Други фактори, исто така, ја одиграа својата улога“, додаде докторот Goulao.

 

Овој развој не може да и се препише само на декриминализацијата, но исто така и на овозможувањето третман и на политиките за намалување на ризици.

 

Повеќето од овие иновативни процедури за треман немаше да се појават доколку корисниците продолжуваа да бидат апсени и затворани, наместо да бидат третирани од медицински лица и психолози. Во моментов 40.000 лица во Португалија се наоѓаат на третман за злоупотреба на дрога. Ова е далеку поефтин и похуман начин да се справиме со проблемот. Наместо да затворат 100.000 криминалци, Португалците работеа на лечењето на 40.000 пациенти и во исто време на усовршувањето на нов метод за третман од злоупотреба на дрога.

 

Ништо од ова не би било можно доколку се уште постоеше Војата против дрогите.

Преземено од: http://www.forbes.com/sites/erikkain/2011/07/05/ten-years-after-decriminalization-drug-abuse-down-by-half-in-portugal/